Немања Гудељ и Анастасија Ражнатовиќ станаа родители на син, кого го крстија Илијан. Илијан пристигна на свет на 15 јули и оттогаш е центар на светот на неговите родители.
Немања објави фотографија од прошетката, на која го држи својот наследник во рацете, а со фотографијата напиша многу лична, емотивна порака.

– Сине мој, мојот најголем благослов. Нека Господ ги насочува твоите чекори, го чува твоето срце и те држи блиску до Него во сите денови од твојот живот.
– Мојата најголема молитва не е да ги следиш моите стапки, туку двајцата да го следиме Христос, се вели во неговата објава, која привлече големо внимание на мрежите.
Да потсетиме, Немања и Анастасија, со својот син, неодамна се преселија во Мадрид. Луксузниот двор што го опкружува нивниот дом, ќерката на Цеце неодамна го покажа на мрежите.
