2.8 C
Скопје
23:31 - 27 март, 2026

(Фото) Што се случува со лицето на Том Круз? На средбата со принцот Вилијам, сите останаа шокирани!

Холивудскиот заводник Том Круз се појави минатата недела на хуманитарна гала во Лондон.

Актерот беше ВИП гостин на настанот, придружуван од принцот Вилијам за поддршка на лондонската хуманитарна организација.

Принцот и Круз позираа еден до друг облечени речиси идентично. Тие носеа елегантни црни костуми и бела кошула, а целата модна комбинација ја заокружија со црна пеперутка-вратоврска.

Сите очи беа вперени во 61-годишната филмска ѕвезда, особено што неговиот изглед драстично се промени во последните неколку години, а неговото затегнато лице и овојпат го привлече вниманието.

Последниве години актерот ги полни насловите во медиумите поради претерување со ботоксот. За својот изглед во еден момент проговори и врвниот естетски хирург Најла Раџа, чии пациенти се многу познати ѕвезди, која за Дејли Мејл детално објасни што се крие зад тајната на неговото лице.

„Изгледа дека Том претерал со инјекциите за ботокс и филерите,  што всушност негативно влијае на неговиот изглед. Без внимателно разгледување на структурата на лицето на пациентот, резултатот од процедурата може да биде искривен и неприроден изглед на лицето”, заклучила таа.

Инаку, се вели дека Круз е голем заводник, но дека љубовта со него е исто како филмот во кој глумеше – невозможна мисија.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....