15:12 - 27 ноември, 2026

(Фото) Северина доби изненадување за неа и за синот: „Љубовта се враќа со љубов“

Пејачката Северина Вучковиќ со недели е во фокусот на вниманието поради ситуацијата во која се наоѓа околу старателството на нејзиниот син Александар.

Врховниот суд ја укина пресудата на Жупанискиот суд во Сплит и го довери нејзиниот син Александар, кој пејачката го имаше со поранешниот партнер Милан Поповиќ, на татко му. Речиси нема некој што не ја искоментира оваа ситуација, од колегите до претседателот на Хрватска, а Северина не крие дека не и е лесно.

Поддршка за пејачката доаѓа од сите страни, а сега покажа какво изненадување ја дочекало во хотел. Таа на Инстаграм покажа дека ја дочекале – шампањско и торта со порака во хотел во Опатија.

инстаграм

„Северина, Александар добредојдовте“, пишува на чоколадната торта, а заедно со неа е додаден и хаштаг кој пејачката секогаш го остава на социјалните мрежи, а на кој пишува: „Љубовта се враќа со љубов“.

Не се знае дали Александар е со неа во хотелот или додавањето на неговото име е само израз на поддршка. Северина не откри, а не споделуваше ни заеднички фотографии, бидејќи судот и забрани, пишува Мондо.

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.
Се вчитува....