14:58 - 27 ноември, 2026

„Мачно ми е ова да го гледам“: Слоба Радановиќ бесен поради убиствата на децата

Српскиот пејач Слоба Радановиќ реши да го сподели своето мислење за актуелните случувања во Палестина и Израел.

Еден од најголемите конфликти во последните две децении е војната меѓу Израел и Палестина. Многу јавни личности се изјаснија на оваа тема, не само затоа што се работи за конфликт од епски размери што се заканува да се прошири надвор од границите на Блискиот Исток, туку и поради огромниот број невини жртви.

Дека никој не е рамнодушен кон ситуацијата што се случува во светот доказ е и објавата на пејачот.

Фолк пејачот Слоба Радановиќ не остана имун на сцените кои го обиколуваат светот, кој на својот Инстаграм профил објави фотографија од жртвите и порача:

„Израелските снајперисти не штедат ниту деца ниту жени. Доста ми е да го гледам ова. Се чувствувам лошо! Светот молчи. Сите што ни држат предавања за моралот и човековите права го покажуваат своето лицемерие. Господ ќе ви суди“, напиша Радановиќ со објавата.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....