15:32 - 31 јануари, 2026

(Фото) Шерон Стоун низ солзи открива дека изгубила половина од парите: „Стани и кажи колку вредиш“

Шерон Стоун, култната актерка позната по улогата во „Основен инстинкт“, неодамна одржа искрен говор на собирот на средства на Фондот за истражување за ракот на жените (WCRF). При прифаќањето на наградата за храброст, таа сподели дека изгубила половина од своето богатство во она што таа го нарече „банкарско нешто“ што се случи неодамна, мислејќи на колапсот на банката во Силиконската долина.

И покрај загубата на парите и неодамнешната смрт на нејзиниот брат, Стоун ги охрабри другите да станат и да го ценат својот живот:

„Ова не е лесно време за никој од нас“, сподели таа. „Ова е тешко време во светот, но јас ви кажувам дека немам некој политичар да ми каже што можам а што не можам да правам“.

Самата Стоун беше подложена на операција во 2001 година за отстранување на бенигни тумори од градите.

Таа зборуваше и за добивањето погрешна дијагноза во ноември, за која се покажа дека е „голем фиброиден тумор“ за кој е потребна операција.

И покрај нејзините борби, Стоун продолжува да ги инспирира другите да имаат храброст и да се залагаат за она во што веруваат, дури и кога ситуацијата станува тешка. Како што рече таа: „Стани и кажи колку вредиш. Те охрабрувам на тоа“.

 

 

 

Слични објави

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо
Се вчитува....