Колумбиската ѕвезда Шакира е во центарот на вниманието на сите светски медиуми поради раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике, а зад себе има уште една неуспешна долгогодишна врска.
Ова лето Шакира и Пике ставија точка на врската која траеше 12 години и во која добија два сина. Иако на почетокот се чинеше дека мирно ќе се разделат, тоа не се случи.
Набрзо се дозна дека Пике ја изневерува колумбиската ѕвезда со извесна Клара, со која сега е во официјална врска. Тој ја носел Клара во семејната куќа уште додека бил со пејачката, што особено ја налути Шакира и нејзините многубројни обожаватели.
Шакира и Пике со години привлекуваа внимание поради нивната навидум хармонична и мирна врска, која поради некоја причина не сакаа да ја крунисаат со брак. Тоа се покажа како добар потег бидејќи љубовта очигледно не траеше.
Дека Шакира првпат не поминува низ многу јавно и бурно раскинување, покажува и примерот од пред 12 години. Имено, пејачката пред Пике беше во врска со Антонио де ла Руа, синот на аргентинскиот претседател Фернандо де ла Руа, со кој се забавуваше 11 години.
View this post on Instagram
Врската им започна во 2000 година, кога Шакира беше на прагот да ја гради својата американска кариера. Дотогаш, таа веќе беше позната во нејзината родна Колумбија, бидејќи го издаде својот прв студиски албум кога имаше само 14 години.
Антонио и Шакира имаа релативно мирна врска, без скандали, а се пишуваше дека сигурно ќе завршат на „лудиот камен“. Шакира во 2009 година изјави дека веќе се чувствува како да е во брак со Антонио и дека не им треба хартија за да ја зацврстат нивната врска.
View this post on Instagram
Но, само една година подоцна и двајцата излегоа со официјално соопштение во кое открија дека се разделуваат. Во соопштението напишаа дека разделбата е „привремена“ и дека Де ла Руа ќе продолжи да се грижи за финансиите на пејачката. И тука настана проблемот.
Имено, иако раскинувањето беше опишано како привремено, нивната врска никогаш не беше обновена, а Антонио набрзо ја тужеше Шакира и побара неверојатни 250 милиони долари. Причина? Пејачката „одеднаш“ го раскинала деловниот договор што го имала со него, а синот на поранешниот претседател на Аргентина и адвокат, чувствувал дека поранешната партнерка му должи нешто.
Две години подоцна оваа тужба беше отфрлена на суд.
Инаку, таткото на Антонио, Фернандо де ла Руа, беше релативно кратко време на функцијата претседател на Аргентина – од декември 1999 година до декември 2001 година, кога поднесе официјална оставка во екот на економската криза, односно протестите што се појавија поради економската нестабилност на земјата.
Фернандо потоа се повлече од политиката, но до крајот на животот, 2019 година, се бореше со бројни судски случаи.
Некои од обожавателите на Шакира беа среќни поради раскинувањето бидејќи го сметаа Антонио за паразит, но пејачката се најде на удар на дел од јавноста која веруваше дека го изневерувала своето момче со Џерард, кој го запознала два месеци пред официјалното раскинување со Антонио.
Меѓутоа, како што секоја приказна има две страни, така и оваа. Имено, извесно време се шушкаше дека адвокатот се забавувал со разни жени, а наводно имал афера шест години паралелно додека бил со Шакира, но конкретни докази за врската немаше.
Од 2012 година Антонио е во врска со Даниела Рамос и со неа има две деца.
View this post on Instagram
Даниела е колумбиска модна дизајнерка, модел и Мис Колумбија 2009 година. На светскиот натпревар таа заврши на високото шесто место, а од својот животен сопатник е помлада 14 години.
Ya nació la hija de Daniela Ramos Miss Mundo Colombia 2009 y Antonio de la Rua, su nombre es Zulú. pic.twitter.com/iiGHsKwh2o
— MISSES COLOMBIANAS (@MissesColombia) March 18, 2013