11.8 C
Скопје
14:29 - 30 март, 2026

(Фото) Шакира ја најави новата песна против Пике и Клара Чиа насловена „Поголема сум од тебе“: „Знаеме што чекате, па еве одиме!“

Изгледа дека Шакира нема намера да ги закопа секирите откако беше изневерена од нејзиниот поранешен сопруг Жерар Пике. Всушност, колумбиската поп-ѕвезда има подготвени нови стихови за напад на фудбалерот, а станува збор за нова песна сработена заедно со уште една згодна колумбиска пејачка Карол Џи.

Еден месец по објавувањето на песната против Пике која брзо го обиколи светот и стана хит, пејачката е подготвена на уште една убава одмазда со нова песна, овој пат во соработка со 32-годишната колумбиска кантавторка Карол Џи. Шакира и Карол ги здружија силите за новиот сингл кој, насловен „TQG“ („Te quedó grande“, односно поголема сум од тебе), ќе биде објавен во петок, на 24 февруари.

Песната ќе биде лансиран како сингл од новиот албум на Карол Џи, „Mañana será bonito“ (односно „Утре ќе биде убаво“), кој исто така ќе пристигне во петок.

Извори блиски до Шакира уверија дека во стиховите на „TQG“, поп-ѕвездата го напаѓа поранешниот партнер Жерар Пике, но напади ќе има пак и за неговата нова девојка, Клара Чиа Марти.

Двете латино поп ѕвезди ја најавија и ја претставија новата песна на социјалните мрежи заедно со супер секси и енергичен кадар од нив.

„Знаеме што чекате, па еве одиме“, стои во објавата објавена од Шакира и Карол Џи за да ја најават нивната со нетрпение очекувана соработка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAROL G (@karolg)

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....