23:53 - 8 ноември, 2026

„Ролинг стоунс“ и Пол Макартни заедно – тоа ќе биде светски хит

„Ролинг стоунс“ и Пол Макартни снимија песна за новиот албум на легендарната рок група, потврди нејзиниот портпарол. Ова следува откако сајтот „Вараети“ вчера објави дека Макартни свири бас гитара на претстојниот албум на „Стоунс“.

Снимањето било неодамна во студио во Лос Анџелес, а според „Вараети“ некогашниот тапанар на „Битлс“, Ринго Стар, би можел да свири на албумот.

„Макартни гостува како басист на една песна од новиот албум, што ќе излезе подоцна оваа година. Ринго Стар не учествуваше во снимањето“, изјави портпаролот на групата.

Тоа ќе биде прв албум на „Ролинг стоунс“ без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 и воопшто прв албум на групата од „Blue & Lonesome“ од 2016.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....