15:35 - 1 април, 2026

(Фото) Селена Гомез во бикини, 18 милиони фанови одговорија со „лајк“: „Џастин плаче!“

Актерката и пејачка Селена Гомез сподели со претплатници на својот Инстаграм профил архивска фотографија во бикини.

30-годишната Селена Гомез објави фотографија на која позира во шарен костим за капење. На старата фотографија пејачката има руса коса, иако веќе подолг период таа си ја „носи“ својата природна нијанса, темно кафена.

„Плавуша! Летото се приближува! Колку интересни работи не чекаат пред нас “, ги заинтригира пејачката своите фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

За неколку часа, објавата на Селена Гомез се здоби со речиси 18 милиони лајкови. „Најдобра си“, „Џастин плаче“, „Ти си навистина бомба, девојка“, „Убава си однадвор и внатре“, „Изгледаш неверојатно заводливо“, ѝ напишаа дел од претплатниците на ѕвездата во  коментарите.

Минатата недела во документарната серија „Епл ТВ+“ Селена Гомез рече дека е многу загрижена за критиките на нејзината фигура, која се смени за време на третманот на болеста со која се бори- Лупус. Ѕвездата додаде дека таа често плачела поради негативни коментари за зголемување на телесната тежина:

„Мојата тежина постојано се менуваше затоа што земав одредени лекови. И, очигледно, луѓето само го искористија ова. Како да едвај чекаат да најдат што може да ме скрши. Се срамев што се здебелив заради лупусот “.

Претходно беше објавено дека Селена Гомез била забележана на средба во ресторан со поранешното момче Џиџи Хадид,  британскиот пејач Зејн Малиќ.

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....