-4.2 C
Скопје
01:03 - 16 декември, 2025

Се срамат од седите влакна! Овие познати мажи во регионот ја бојадисуваат косата со години

Поради својата улога во филмот „Хајдук во Белград“, Драган Миќановиќ (55) морал да ја обои косата. Режисерот на филмот, Милан Тодоровиќ, рекол дека актерот многу оседел и дека за потребите на оваа улога морале да го подмладат.

Во неговиот приватен живот, седата коса не му пречи на Драган, но има познати мажи кои не сакаат на својата глава да гледаат бела коса. Тие, сепак, за тоа не зборуваат јавно, но нивниот изглед кажува сè.

Еден од оние кои редовно ја бојадисуваат косата е познатиот музичар Горан Бреговиќ. Тој своевремено, според пишувањето на медиумите, се подложил и на лифтинг на лицето, па многумина го фалат што и сега, кога има 75 години, се грижи за својот изглед.

Во март оваа година, кога го прославил својот роденден, на фејсбук-профилот на еден магазин, беа објавени негови фотографии, а позитивните коментари се нижеле.

– Зошто да не ја бојадиса косата. Зошто да не! Не му стои на секого седа коса! Седата коса може да биде одвратна! Сите пофалби за изгледот на 75 години. Изгледа како маж од 50 години! Браво – е еден од коментарите.

Здравко Чолиќ (74) исто така ја покрива седата коса кај фризер. Тој инаку е познат и како некој што се грижи не само за својот изглед, туку и за своето здравје. Редовно вежба и оди во хипербарична комора, а посебен акцент става на косата. Ја бојадисува исклучиво со боја од природен состав, а косата ја негува со масло од семе од црн ким што му пристигнува од Египет. Косата ја мие со шампон од коприва.

И српските фолк-легенди Миле Китиќ (73) и Митар Мириќ (68) исто така редовно се бојадисуваат.Б

Братот на Митар своевремено го издал.

– Мислам дека најголемиот проблем на мојот брат во моментов е што старее. Популарноста го промени до одреден степен, но она што најмногу го плаши е што младоста и убавината поминуваат. Тој се плаши дека повеќе нема да биде убав, тој ја бојадисува косата – изјавил братот на Митар, Сава, за српски „Курир“ во 2021 година.

И самиот Митар еднаш изјавил дека посебно се грижи за косата, но истакнал дека не му треба подмладување.

– Јас се занимавам со таква работа што морам да се грижам за својот изглед. Немав криза на средни години, па затоа не би направил никаква корекција на лицето – рекол своевремено Митар.

И Миле Китиќ тогаш признал дека води сметка за косата.

– Кога зборуваме за фризурата, немам многу коса, но секако водам сметка за неа. Да бидам искрен, ако не ја работев оваа работа, веројатно би се откажал. Вака, поради публиката морам да водам сметка и да им бидам интересен на некој начин кога станува збор за стилизирање – рекол фолк пејачот Миле Китиќ.

За тоа дека тие двајца ја бојадисуваат косата во една прилика зборувал и Иван Гавриловиќ.

– Не можам да се прилагодам на трендот и да го живеам тој живот. Замислете ги Митар Мириќ и Миле Китиќ како се бојат. Сега сите се бојадисуваат. Јас не ја бојадисувам косата, му благодарам на Господ, но многу пејачи го прават тоа. Па, и Чола ја бојадисува – рекол Иван, а потоа раскажал што му се случило на Момчило Бајагиќ Бајага (65), кој исто така ја покрива седата коса, и тоа со црна боја.

– На Бајага еднаш, кога врнеше дожд, му протече бојата по челото, бојата не фатила добро.

И пејачот Борa Дрљача, кој почина во 2020 година на 80-годишна возраст, исто така ја бојадисувал косата.

 

 

Слични објави

Популарната бугарска ТВ водителка Мира Добрева откри: „Крадецот што ме ограби 5 пати трагично го загуби животот“

E.A.

Кија ѝ одговори на Катарина Живковиќ: Се појави преписка меѓу Коцкар со тајниот маж, пораките открија сè

E.A.

Поранешната снаа на Кеба ги напушти „Ѕвезди на Гранд“: Ова се првите реакции по елиминацијата

E.A.

(Фото) Најубавата српска актерка побегна од Белград во родното село: Одгледува добиток, сади органска храна, роди три деца

Еспресо

Карлеуша по 17 години прави преседан! Донесе одлука во врска со Атина и Ника, ова многумина чекаа да го видат!

Еспресо

(Фото+видео) Бајка во станот вреден половина милион евра: Катарина Грујиќ го слави роденденот на својата ќерка

Еспресо
Се вчитува....