8.8 C
Скопје
10:03 - 31 март, 2026

(Фото) Се мачеше до самиот крај и не сакаше повеќе да оди по лекари – помалку позната прикзна за легендарниот Димче Мешковски

На 20 март во 2023, засекогаш си замина актерскиот доајен Димче Мешковски, во неговиот дом во Лос Анџелес, каде што со семејството живееше последните години од животот.

„Чичко Димче починал мирно во својата фотеља додека бил заедно со својата сопруга. Си заминал мирно како што отсекогаш сакал и негова желба била да не го носат веќе по лекари. Сега се слушнав со неговата ќерка Наташа која до пред три недели беше во Америка кај своите родители и кај сестра си“, изјави тогаш за „Слободен печат“ блиска пријателка на семејството.

Димче Мешковски до крајот не го напушти ведриот дух и покрај сите болести со кои се бореше. Тој имаше четири бајпаса, проблем со колкот кој двапати му бил опериран, оперирал паратироидна жлезда, преживеа мозочен удар и одеше на дијализа, откако му откажаа бубрезите.

Имаше уште неколку болести, но велеше дека не сака да се жали и дека во Санта Моника, каде што живееше, лекарите добро го третирале. Во САД, тој се грижеше за својата внука Леона од ќерката Јасна, а во Скопје живее ќерка Наташа, позната пливачка и тренер.

На фесјбук-страницата „Ретро ризница“ се појави ретка фотографија од Димче Мешковски со неговата сопруга Марица. Во многу прилики, Мешковски изјавуваше делка таа била неговата најголема поддршка и во добро и во лошо.

 

Фото/ Фејсбук

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....