18.8 C
Скопје
02:37 - 27 јули, 2024

(Фото) Руската убавица Ана Линикова отворено за „Мис Универзум“, кариерата и личниот живот: „Мојата прва работа беше во фабрика“

Минатиот месец, на 15 јануари, во Њу Орлеанс заврши 71-от годишен меѓународен натпревар за убавина Мис Универзум, каде Русија ја претставуваше 22-годишната манекенка од Оренбург, Ана Линикова. Во интервју за руска Газета, Ана раскажа како работела во фабрика, признава дека нејзините родители веднаш не ја одобриле нејзината одлука да стане модел и ја именува земјата во која најмногу сака да работи.

– Мојата кариера започна на 15-годишна возраст, кога агент од модна агенција ме најде во Оренбург по една од аматерските улични фотосесии, а на 16-годишна возраст првпат одлетав да живеам и работам во Кина.

Првично, родители не сакале да ја перципираа оваа идеја како нормална, им се чинело дека некој сака да ја измами нивната ќерка. Подоцна се покажало дека истиот модел- агент е ќерка на колешката од канцеларијата на мајката на Ана. Така, сè излегло на најдобар можен начин, па родителите конечно ѝ дале зелено светло и потпишале договор. Оттогаш, Ана го продолжила школувањето онлајн.

– Имав околу 7 успешни договори во земји како Јапонија, Кореја, Кина, Виетнам, Индонезија и Малезија. Најмногу ми се допадна да работам во Јапонија. Луѓето таму се многу љубезни и сочувствителни и секогаш се грижат за удобноста на манекенките. Најмалку во Кина, вели Ана.

Сега убавицата има 22 години – од кои 7 години се занимава со моделство. Ја освои титулата Мис Русија, па следуваше учеството на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“.

– Најмногу се гордеам со мојот капацитет за работа и издржливост, откако почнав да работам на 14 години. Мојата прва работа беше во фабрика, сама сакав да работам и отидов во Центарот за вработување за тинејџери. Во принцип, мило ми е што трпението и работата ме доведоа до каде што сум сега.

Ниска е за манекенка, но соврешена за модел. Нејзината висина е 173 см, но дали висината некогаш ѝ попречила кариерата?

– Да, висината во бизнисот со моделство е исклучително важен, но јас отсекогаш сум работела како фотомедел, а не како манекенка, Не претендирав да се качам на подиумот, бидејќи обично таа работа се плаќа многу полошо. Освен, се разбира, ако не сте врвен модел од светска класа.

Потоа, открива како се подготвувала за Мис Русија и МИс Универзум.

-Каква беше подготовката за „Мис Русија“ и „Мис Универзум“?

-Подготовките беа многу активни. Заедно со раководството на Мис Русија се занимававме со прашањата за визи, вакцинации, кроење фустани, модни ревии итн.

Вели дека чувствувала голема одговорност кога ја претставувала земјата на Мис Универзум.

– Тоа е навистина голема одговорност. Но, гледам дека подготовката не беше залудна, и можев убаво и соодветно да ја претставам Русија на еден ваков светски меѓународен натпревар.

А, како ја примиле во Њу Орлеанс? Дали се соочила со критики дека е Русинка од страна на организаторите или другите учеснички?

– Од организаторите на натпреварот немаше критики или негативни реакции. Што се однесува до самите учеснички, навистина се дружевме со некои од нив,  а некои пак, не сакаа да комуницираат со мене бидејќи сум Русинка. Сепак, задоволна сум од учеството на изборот за Мис Универзум, ова искуство ми даде нови познанства и можност да станам уште посилна.

Што се однесува до личниот живот на Ана, сè уште не ја нашла својата љубов.

– Не тргувам со чувства и претпочитам да останам сама отколку да бидам во врска само заради тоа да не бидам сама. Не фантазирам за мојот идеал, но знам дека штом ќе го сретнам, моето срце ќе го препознае.

Инаку Ана често ја споредуваат со Наталија Водијанова.

– Мислам дека Наталија Водијанова е прекрасна, паметна и љубезна личност, секако ми се допаѓа споредбата со неа. Би сакала да работам, како неа, како модел во Европа. Мислам дека има време за тоа.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....