17.8 C
Скопје
13:11 - 11 март, 2026

(Фото) Роман Полански и Саманта Гајмер се смирија: Жената што наводно ја злоупотребил пред 45 години, позира со него во Париз

Во 1977 година, Роман Полански беше уапсен за наводно силување на 13-годишната Саманта Гајмер во Холивуд. Тој одлежа затворска казна, а потоа побегна од САД. Случајот со години остана контроверзна тема.

Меѓутоа, четириесет и пет години подоцна, Гајмер и нејзиниот сопруг се сретнале со Полански и неговата сопруга во Париз и заедно се појавија на насловната страница на француското списание.

Таа изјавила: „Дозволете ми да бидам многу јасна: тоа што се случи со Полански никогаш не ми претставуваше голем проблем. Не ни знаев дека е незаконски, дека некој може да биде уапсен поради тоа. Бев добро, сè уште сум добро“.

Гајмер го изрази своето мислење за обидот за екстрадиција и апсењето на Полански, велејќи:

„Тоа беше толку неправедно и толку спротивно на правдата… Сите досега би требало да сфатат дека Роман  досега ја отслужил својата казна.”

Гајмер врди дека Полански „го платил својот долг кон општеството и дека никој не сакал тој да оди во затвор, но тој го направил тоа, и тоа е веќе доволно“, нагласувајќи дека нема никаков случај меѓу нив.

Во интервјуто за насловната страница на француското списание се појави и Сејнер, сопругата на Полански, која се согласува со изјавите на Гајмер.

Списанието објави фотографија од Полански со Гајмер и Сејнер, на која сите се насмеани.

И покрај поддршката на Гајмер за Полански, случајот сè уште останува контроверзен во САД и со текот на годините предизвикува жестоки дискусии. Постапките на Полански многумина ги осудија, а некои сметаат дека тој треба да одговара за она што го направил. Сепак, Гајмер смета дека Полански веќе „си ги платил долговите“ и дека е време да се стави крај на ова прашање.

 

Слични објави

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо
Се вчитува....