2.8 C
Скопје
23:31 - 24 јануари, 2025

(Фото) Ричард Гир прошета на црвениот тепих во Венеција со својот згоден син: Сите погледи и во новата сопруга на актерот

75-годишниот американски актер Ричард Гир се појави на хуманитарната amfAR гала вечер во Венеција, придружуван од неговата 41-годишна сопруга Алехандра Силва, пишува Хелоу.

Двојката изгледаше многу гламурозно. Ричард избра црн смокинг, бела кошула и црна пеперутка-вратоврска. Алехандра носеше проѕирен мрежест фустан со темносини цветни детали.

Парот присуствуваше и на премиерата на филмот „Волци“ на црвениот тепих, за кој беше потребна промена на гардеробата. Силва за таа прилика облече бел вечерен фустан со асиметричен шлиц во комбинација со метални чевли со високи потпетици. Косата ја носеше распуштена.

На една од фотографиите на црвениот тепих пред премиерата на филмот, Гир е виден како клекнува и се поклонува на својата сопруга додека таа го гледа.

Во одреден момент им се придружува и синот на Гир, Хомер. Како и неговиот татко, тој го избра истиот стил – елегантен смокинг и пеперутка-вратоврска.

Хомер е син на Ричард и неговата поранешна сопруга, манекенката Кери Лоуел, со која се ожени во 2002 година. Неговите родители му дадоа име на момчето по неговите баба и дедо, како и тибетското име „Џигме“, кое е негово средно име. Двојката се разведе во 2013 година, по 11 години брак, но и покрај тоа, врската на Ричард со Хомер остана силна, а таткото и синот често се видени заедно на разни настани.

Во 2018 година, Гир се ожени со Шпанката Силва по две години врска. Двојката ги има синовите Александар и Џејмс, кои сега имаат пет, односно четири години. Ричард и Алехандра планираат да се преселат во Шпанија со своите синови, како што беше претходно најавено. Според актерот, неговата сопруга се жртвувала многу за него и се преселила во САД. Сега дојде редот тој да живее во татковината на неговата сопруга. Тој е воодушевен од Шпанија и исто така се радува на овој потег. Минатата година беа забележани како бараат куќа во Мадрид.

Слични објави

(Фото) Луна Ѓогани се соблече, па го фотографираше своето лице без трошка шминка: Порано беше покриена со лузни од мозолчиња

Еспресо

„Пукна“ бракот на македонскиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“: Пред две години направи раскошна свадба, со сопругата не живее заедно со месеци

Еспресо

(Видео) Интимна снимка: Јована Јеремиќ го гризнала Драган додека тој сочно ја бакнува!

Еспресо

Емотивна исповед на Анабела Атијас: Лековите делуваа против мене, имав вишок 15 килограми, ме исмејуваа и беа згрозени

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: „13 години убавина со тебе“

Еспресо

Говорот на телото и скриените пораки: Што откри танцот на Доналд и Меланија Трамп на инаугуративните балови?

Еспресо
Се вчитува....