09:57 - 5 ноември, 2026

(Видео) Пријовиќ од полната сала во Осиек: „Градоначалникот на Задар е добредојден на мојот концерт“

Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ го одржа првиот од петте закажани концерти во Осиек.

Салата беше преполна до последното место, а истото се очекува и во наредните денови, со оглед на тоа што билетите се распродадени.

Таа ѝ приреди спектакл на хрватската публика. Специјален гостин беше пејачот Бобан Рајовиќ, со кој пејачката ја изведе нумерата „Усне боје вина“, а во еден момент, при крајот на концертот, на сцената излезе синот на Александра, Александар, кој ги рецитираше зборовите од песната на Прија „Дам, дам, дам“ и ја воодушеви толпата.

Но, традиција која и овојпат не изостана е моментот кога Пријовиќ направи селфи со публиката. Сите ги вклучија блицовите на телефоните, а потоа таа се фотографираше со нив.

Таа синоќа за прв пат ја изведе и својата нова песна „Последњи кабаре“, која публиката веќе ја знаеше од збор до збор.

По концертот, Александра одржа конференција за медиумите на која се осврна на досегашните натписи дека нејзините настапи на одредени места во Хрватска, поточно во Задар, се забранети.

– Колку што ја видов изјавата, нема забрана. Мислам дека се е во ред овде, и овде го поздравувам градоначалникот, иако тој рече дека не слуша ваква музика. Ако се предомисли, добредојден е на концертот – изјави Александра Пријовиќ.

Слични објави

Што да јадете за подобра меморија? Овие намирници можат да помогнат во зачувувањето на здравјето на мозокот

К.С.

(Видео) „Ѕвона ѕвонат“ – љубовната балада на Љупка Димитровска и по 36 години буди спомени

Т.Ц.

Хороскоп за 5 ноември: Скорпиите треба сериозно да се посветат на работата

Еспресо

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо
Се вчитува....