22:04 - 29 декември, 2025

(ФОТО) ПОЗНАТИОТ ШАРМЕР ЈА ИЗНЕВЕРИЛ СОПРУГАТА СО 80 ЖЕНИ: По разводот и обвинувањата за силување, кариерата му е пред колапс

Вилијам Леви е на удар на критиките на гневните обожаватели за сето она што го правел со години, а поради тоа и кариерата му е во криза. Русокосиот Кубанец кој порасна во Мајами и многу рано почна да се занимава со манекенство, беше и остана посакуван од страна на голем број обожаватели на теленовели кои веќе неколку пати го прогласија за најсекси маж на светот.

Многу девојки и жени паднаа на заводливата насмевка и зелените очи, но Леви секогаш истакнуваше дека за него има само една жена, една година постарата актерка Елизабет Гутиерез (41). Сепак, по разните афери што ги имаше за време на бракот со неа, актерот пред неколку месеци објави дека се разведува.

-Сакаме да ви кажеме дека по долго размислување решивме да ја прекинеме нашата врска. Сепак, ќе продолжиме да бидеме прекрасно семејство како што сме сега и најдобри родители на нашите деца. Тоа никогаш нема да се промени – напиша тој на една објава на Инстаграм.

Според мексиканските медиуми, за пропаѓањето на долгогодишната врска била пресудна 28-годишната Барбара Лопез, ќерка на телевизискиот продуцент Рејналдо Лопез, а еден извор открил дека Вилијам Леви некогаш се пофалил дека ја изневерил животната партнерка со 80 жени.

Од моментот кога се дозна дека се разведуваат, работите за Леви тргнаа надолу. Тој со денови е на удар на поранешните обожаватели кои под секоја негова објава оставаат лути коментари како „Човек кој е способен да им прави вакви работи на жените и децата нема вредност за мене“, „Мило ми е што видов дека не сум единствената на која не и се допаѓа овој тип.“, „Ти си срам за мажите“, итн.

Актерот беше обвинет дека намамил малолетничка во хотелска соба и ја принудил на секс. Тужбата беше повлечена, но шокантно беше тоа што тој не се ни обиде да демантира дека спиел со таа девојка, туку изјави дека го лажела за своите години и не знаел дека е малолетна.

Слични објави

Соседите на момчето на ќерката на Здравко Чолиќ открија сè! „Веднаш ја прифатија како снаа!“

Еспресо

(Фото) Српската пејачка во подвески ја накити елката! Облечена во црвена долна облека, подароци насекаде

Еспресо

(Фото) Снаата на Кеба замина во Дубаи: По заминувањето од „Ѕвездите на Гранд“ се огласи од луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Антониа Гиговска со моќна креација: „Ова е фустанот на мојот живот“

Еспресо

„Се туширам и ја мијам косата кога ќе стигнам“: Изјавата на Рада Манојловиќ ја згрози јавноста

Еспресо

„Преку глава ми е…“: Саша Ковачевиќ повторно проговори за конфликтот со Емина Јаховиќ

Еспресо
Се вчитува....