12.8 C
Скопје
23:41 - 16 мај, 2024

ПРЕД КОНЦЕРТ со Зарина Првасевда: Се спремав 28 години за овој ден!

На 15ти Април ќе се оствари мојот најубав ден кој оддамна си го замислував и посакував – отворено со Зарина Првасевда, пред нејзиниот прв солистички концерт.

„Од мала замислував како излегувам на голема сцена, а пред мене рефлектори и публика која ја слуша музиката која јас ја пеам…соништата се остваруваат за оние кои долго ги сонуваат…“, вели Зарина. Фото – приватна архива

На планина беше првата нејзина изведба преку која јавноста ја дозна. Зарина освојуваше планини, а со старите подзаборавени песни ги освои сите љубители на традиционалната музика.

Дојде време, а со времето и остварување на нејзината најголема желба. На 15-ти април со почеток во 20 часот, во Македонската Филхармонија Зарина ќе го промовира нејзиниот прв официјален студиски албум, насловен „ЕХО” .

– „ЕХО” е албум кој содржи 11 традиционални песни, во нови аранжмани, испеани на 5 јазици. Самото влегување во затворена концертна сала ќе биде различно доживување, а сигурна сум дека исто ќе биде и за публиката. Благодарение на мојата публика, нивната подршка и коментар по секоја моја нова објава на социјалните мрежи, се охрабрив да го направам ова – открива Зарина.

Зарина ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав : Филип Димишковски, Ратко Даутовски , Дејан Цветковски , Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир.

– Мојот ансамбл ќе биде моја поддршка. На крајот од денот тие се моето семејство, соработници и браќа и тоа е особено важно за една солистка. Ќе се појави и Васил Хаџиманов кој беше дел од креирачкиот процес на албумот. Александар Петров ќе биде тука, на моја радост, затоа што тој претежно не живее во Македонија, тој е креатор на повеќето аранжмани на ,, Ехо “. Групата ,, Перија ” ќе биде исто така дел од концертот, тоа се едни уникатни девојки со кои соработував пред да се создаде Зарина Првасевда. Ќе има многу изненадувања, нема се да откривам, но во секој случај ќе имаме една интересна вечер со 2 часа дружење и музика.

Албумот ,, Ехо“ е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, отпеани на 5 јазика и тоа: македонски, албански, турски, српски и бугарски.

– Јас верувам дека музиката е јазик кој комуницира со емоциите. Исто така мислам дека музиката е наједноставното средство за комуникација со друг човек независно од неговата било каква припадност. Музиката на друг јазик ми е предизвик, растена сум со македонската традиционална музика, но имам блиски пријатели на кои сакав да им отпеам песни на нивниот јазик – ни рече Зарина.

Верувам дека музиката е јазик кој комуницира со емоциите, фото – приватна архива

„ЕХО” ќе излезе под етикетата на Кроација Рекордс (Croatia Records), која важи за најголема и најпродуктивна издавачка куќа на Балканот од ваков тип.

– Потпишувајќи ја соработката со Кроација Рекордс, сигурна сум дека мојата музика и песна ќе излезе надвор од Македонија, на Балканот и пошироко и ќе се слуша. Се спремав 28 години, од кога знам за традиционалната музика, и концертот и албумот е некакво заокружување на една целина. Ова е само почеток, имам многу музика која сакам да ја споделам. Со голема радост и срце полно љубов и музика, ве очекувам на 15 Април! –  вели Зарина.

 

Слични објави

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

еспресо

„Тоа не се мали пари…“: Се огласи директорот на хрватската болница во која Бејби Лазања сака да донира пари

Еспресо

„Од каде ѝ стан во Врачар, тоа е мое“: Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек најави дека ќе му дојде на врата со полиција

Еспресо

Џенифер Лопез и Бен Афлек на чекор до развод: Актерот се отселил од луксузната вила

еспресо

(Фото) „Шокантно, не е за деца!“: Сергеј Трифуновиќ објави фотографии од сопругата, последна ноќ како девица

Еспресо

Саша Поповиќ откако доживеа повреда: Откри дали ќе продолжи да ја снима „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо
Се вчитува....