6.8 C
Скопје
07:49 - 30 март, 2026

(Видео) Погледнете го видеото на Мис Казахстан и Мис Хрватска кое насмеа илјадници луѓе!

Хрватската претставничка на светскиот избор за Мис Универзум, Лаура Гњатовиќ (23) од Задар, ужива неверојатна популарност во Тајланд, каде што се одржува изборот. Таа ги освои срцата на многумина не само поради својата убавина, туку и поради својата духовитост и самодоверба.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kimberly Anne Luba (@miss.kimmy143)


Со импресивна висина од 191 сантиметар, таа без никаков проблем се шегува за својата висина, сфаќајќи колку е важно да се прифатиме себеси какви што сме. Неодамна ја воодушеви публиката на социјалните мрежи со сцена во која мораше да се наведне за да земе храна од шведската маса бидејќи таванот беше пренизок.

А сега едно нејзино видео стана вирално и ги насмеа сите. Во една од последните објави, таа ја вклучи и Мис Универзум Казахстан, Дана Алмасова (патем, висока 170 см). Нејзиното симпатично видео со Мис Казахстан Дана Алмасова на тема нивната разлика во висина насмеа многумина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dana Almassova (@almassshine)


„Почувствувајте ја нашата разлика во висина“, се пошегуваа Лаура, висока 191 см, и Дана, висока 170 см во видеото. Нивната објава се прошири на бројни фан-страници на светскиот избор за Мис Универзум.

Инаку, Лаура е највисоката натпреварувачка оваа година, а неодамна се појави едно видео на кое таа се бори со нискиот таван.


Во едно интервју, Лаура признала дека не секогаш ја сметала својата висина за предност.

– Долго време мислев дека сум во погрешен кадар. Не можев да се вклопам во фотограгфиите од класот, не можев да позајмам фармерки од други луѓе, а момчињата ме гледаа како столб за осветлување. Сега ми  смешно кога ќе се сетам дека како дете пребарував на интернет: „Како да го запрам растот“. Сега на висината гледам како на огромна предност и не би ја променила. Мојата висина е одлична – освен сега кога ќе се заглавам во рамката на вратата со круната на главата -се пошегувала таа.

Инаку, нејзината цимерка во Тајланд е мис Гвајана.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....