15.8 C
Скопје
19:56 - 12 октомври, 2026

(Фото) „Побргу да одиш да се одмориш“: Весна Бејби сподели потресен спомен на Тоше

Весна Петрушевска го објави единствениот спомен со нејзиниот син Кирил и Тоше Проески.

„18 години без Тоше… И сè уште не научивме како се живее со таа празнина“, напиша Весна Петрушевска за својот близок пријател, омилениот Тоше, кој загина 16 октомври во 2007 година.

„Секој 16 октомври боли исто – како првпат. Секоја песна е спомен, секој стих – парче од душата што тој ја остави на овој свет.

Имаше светлина што не гасне, глас што не старее и срце што не заборава. Со Тоше не замина само човек, замина добрината во најчистата форма.

Но, остана нешто повисоко — верата дека љубовта е посилна од времето, и дека некои луѓе не се забораваат… само се слушаат со затворени очи. Трчам, ја заспивам Мина го грабнувам Кирил и правец Универзална сала.

Треба да има концерт, вратен е од Бања Лука. Со најголемо извинување Љиља ми вика: Знаеш требаше еден твој колега за да не те замараме сега ги зема децата, ама ни откажа во последен момент.

Велам не се сеќирај, нека не се далдисува и Тоше трчам сосе пелени. Влегувам задишана во таа малата гримиорна и го гледам него скапан уморен. Ме прашува дали има публика?

Го гледа Кирил првпат го крева и вели: Ги сликнав не знаејќи дека ќе им биде единствена фотографија. Му велам дај побргу да излезеш да идеш да одмориш.

Ти ќе ме гледаш од ложа така? Природно дека ќе те гледам… Секогаш го гледав како да е сега застанат на сцена. Ми намигнуваше од сцена.

На Кирил ништо не му беше јасно освен дека многу девојчиња го сакаат. Фасциниран беше од него.
Цело полнолетство без тебе… кај мене ќе трае цел живот. Ми фали твојата насмевка, прегратка и љубовта. Те сакам знаеш? Кревам глава и јас ти намигнувам“, напиша Весна Петрушевска на Инстаграм.

Слични објави

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Сакам да пеам на Евровизија: Карлеуша изненади пред концертот во Скопје

Еспресо

Џејла Рамовиќ го поддржа Јаков Јозиновиќ по бурата реакции за песната на Томпсон

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани со емотивна порака за роденденот на татко ѝ Гаги: „Те сакам многу“

Еспресо

(Фото) Никола Роквиќ се прости од близок пријател: „Со Бога, драг пријателе“

Еспресо

Сања Маринковиќ за малку ќе била ограбена во Лондон: „Тројца ме опколија и ми ги влечеа телефонот и чантата“

Еспресо
Се вчитува....