5.8 C
Скопје
00:49 - 1 април, 2026

(Фото) По Салма Хејек, и Лејди Гага без грам шминка: Нема да ја препознаете

Лејди Гага целосно се ослободи од шминката и постираше фотографија на Инстаграм.

Во средата, музичарката и 37-годишна актерка номинирана за Оскар, сподели две селфија без шминка на Инстаграм.

На фотографиите, Гага се гледа со „чисто лице“, но сепак со блескав тен и сјајни усни. Нејзината брановидна руса коса е лежерно „пуштена“ зад неа, а Гага е облечена во кежуал розов дуксер.

Пејачката на „Bad Romance“ позира со малку подотворена уста на едната фотографија, а на другата споделува срамежлива насмевка.

Објавата на Гага беше во знак на прослава на нејзиниот бренд за шминка Haus Labs, кој беше лансиран во продавниците за козметика Sephora во Англија.

„Отсекогаш сум била толку инспирирана од убавината и модата од Британија, и колку е таа смело и иновативна“, напиша таа, истакнувајќи како овие квалитети се поттик за основање на нејзината компанија за уметност, која дебитираше во 2019 година, а сега се прошири и на нега на лице и шминка.

Неколку дена пред Гага да ги објави фотографиите без шминка, истото го направи и сексапилната глумица Салма Хајек. 56-годишната глумица се појави без шминка и им ги покажа на своите следбеници на социјалните мрежи своите седи прамени коса. Во кадарот актерката позираше на сонце, а зраците само ги истакнуваа веќе формираните брчки на нејзиното лице.

„Се будам и бројам колку седи влакна и брчки утрово ја уништија забавата“, напиша глумицата.

Коментарите од фановите беа охрабрувачки и позитивни.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....