14:59 - 1 април, 2026

(Фото) Пит Дејвидсон има нова девојка, поразлична од сите претходни убавици: Актерка со оријентален изглед

Гласините за романтична врска помеѓу Пит Дејвидсон и Чејс Суи Вондерс сè уште се силни и во овој момент е само прашање да ја официјализираат врската.

Ко-ѕвездите на „Bodies Bodies Bodies“ го поминаа четвртокот во Universal Studios Hollywood, каде што фотографите ги овековечиа како се држат за раце и се насмевнуваат додека се шетаат низ тематскиот парк.

Штом сфатија дека се во близина папараците, двајцата вложија малку напор да ја сокријат очигледната хемија, иако Вондерс е „уловена“ како постојано гледа во Дејвидсон.

Ветеранот од „Saturday Night Live“ (29) носеше светло портокалови тренерки, очила за сонце, бејзбол капа и предимензиониран темносин мантил за дожд над зелениот дуксер, додека Вондерс (26), избра жолта облека која се состои од панталони со дезен и темножолта јакна.

Иако претставниците на Дејвидсон негираа дека двајцата се романтично поврзани, фотографиите зборуваат сами за себе.

Двајцата неодамна беа видени заедно и во Њујорк.

Потесетуваме, холивудскиот Дон Жуан, зад себе има цела колекција на убави и славни девојки. Последен пат беше романтично поврзан со моделката Емили Ратајковски, а пред неа беше во врска со Ким Кардашијан.

Што рекоа за Пит Дејвидсон неговите славни девојки пред Емили Ратајковски: Нестабилниот Дон Жуан од Холивуд со „луд поглед“

 

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....