6.8 C
Скопје
04:15 - 31 март, 2026

(Фото) Овој настап е најуникатен за Новица Василевски, откако со Татјана Лазаревска се вратија од Австралија

Од 2023 година, фолк дуото Татјана и Новица не биле во Македонија, по повеќе од 10 години живот во Мелбурн, Австралија каде што живеат со нивните синови, Петар и Стефан.

„20 Јануари 2015. На денешен ден пред точно 10 години пристигнавме во Австралија. Ја сменивме адресата, а ние останавме исти… Животот е убав“, напиша Татјана на едно видео во јануари.

Објавувајќи слики од скопскиот аеродром, во јули Лазаревска напиша дека дома си дошла едната половина од семејството Василевски.  А потоа, Татјана објави убава вест од аеродромот и едно среќно видео, како нејзиниот сопруг Новица и синот Стефан пристигнуваат во Скопје.

Откако се вратија од Австралија дома на одмор, Татјана и Новица постојано настапуваат насекаде низ Македонија. Ама еден настап во излетничкото место Коњарка,  во близина на село Скочивир кое се наоѓа на 38 километри од Битола е посебен за Новица.

Излетничкото место е сместено покрај чистата Коњарска Река, чиј извор се наоѓа под Кајмакчалан. И токму од таму, Татјана објави видео како танцува додека пее нејзиниот сопруг. А Новица е влезен во реката и игра и пее заедно со гостите на забавата.

„И за крај, Новица влезе во рекаат Коњарја, заедно со публиката“, напиша Татјана на Фејсбук, а видеото можете да го видите ТУКА.  

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....