8.8 C
Скопје
10:38 - 30 март, 2026

(Фото) Ова е свекрвата на Јована Јеремиќ: Тигар со својата мајка ги посетува светите места

Српската водителка Јована Јеремиќ ја пронајде среќата со Милош Стојановиќ Тигар, но сè уште не открила дека се заедно.

Инаку, Милош често ги посетува светите места, па неодамна го посетил Острог со својата мајка, а на Инстаграм објавил и фотографија со неа.

Милош и неговата мајка тогаш позирале заедно, тој цврсто ја прегрнал и во описот кратко напишал: „Острог. Најдобрата мајка и јас“.

Сè уште не е познато дали Јована Јеремиќ ја запознала својата свекрва и во какви односи се.

Милош, да потсетиме, се огласил на својот инстаграм-профил и открил дека наскоро ќе започне бизнис. Тој не открил за што точно станува збор, но како што можело да се забележи, станува збор за угостителски објект.

Милош ја покажал внатрешноста на објектот, која е во фаза на реновирање, а како што може да се види, работите се при крај.

Милош не сакал да открива детали за бизнисот, па затоа само кратко напишал:

– Отворање наскоро – напишал тој.

Јована Јеремиќ пред неколку дене изјави дека е среќна и заљубена, но дека сега нема намера да го претставува својот партнер на никого.

– Повеќе не зборувам за својот приватен живот јавно. Кога ќе правам свадба и ќе бидам бремена, сите ќе бидете поканети. Дотогаш, ништо нема да коментирам. Среќна сум. Тоа е доволно – рекла  водителката за српски „Блиц“.

 

Слични објави

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо
Се вчитува....