14:09 - 3 април, 2026

(Фото) Ова е сопругата на Жарко Лаушевиќ: Судбинска средба по повеќе години разделба

По кратко и тешко боледување вчера почина познатиот актер Жарко Лаушевиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana 32♌️ (@an_artist_of_life)

Актерот беше во брак со успешната и талентирана Анита, која е дел од екипата која работи на филмови. Жарко речиси никогаш не се појавувал на јавни настани со својата сопруга, која е професионален шминкер.

Доказ за тоа колку Анита е успешна во работата е нејзината работа на познатата серија „Сексот и градот“ за која беше наградена во Њујорк, а покрај тоа беше дел и од многу други светски познати продукции, меѓу кои и мегахитот „Спајдермен 2“. Оттогаш, Анита соработува со многу големи холивудски ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antoine DeBrill (@debrillantoine)

Добила награди и низа пофалби за својата досегашна работа на фризури за сериите „Хроника на Тајмс Сквер“, „Приватен доктор“ и „Инстинкт“.

Анита е родена во Љубљана во 1966 година, а со Лаушевиќ ја има ќерката Јана. Таа е втора сопруга на славниот глумец, додека со првата Маја, Жарко ја има ќерката Асја и синот Душан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antoine DeBrill (@debrillantoine)

Интересна е љубовната приказна на Анита и Жарко, од првата средба и љубовта која се развила на необичен начин.

Жарко ја сретнал Анита кога работел на филмот „Бој на Косово“, и иако и двајцата тогаш имале бракови, љубовта меѓу нив се родила на прв поглед.

Иако лудо се вљубиле, Жарко одлучил да го сочува бракот со сопругата Маја, а Анита се омажила и добила ќерка.

Неколку години подоцна патиштата повторно им се вкрстиле. Оваа судбоносна средба Жарко ја опишува во својата книга „ Годината поминува, денот никогаш“.

„Доаѓа, елегантна, висока, убава. Се разведувам, ми рече, денес“ – кратко глумецот ја опишува нивната средба после многу години.

По разводот, Анита стана сопруга на Жарко Лаушевиќ. Му подари ќерка Јана, а својот живот продолжие да го градат во Америка.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....