8.8 C
Скопје
19:04 - 30 март, 2026

(Фото) Ова е пејачката која имаше најсекси облека на „Макфест“, сите гледаа во неа

На фестивалот „Макфест“, сите се потрудија да изгледаат убаво на сцената, но таа дефинитивно го привлече вниманието на сите, и двете вечери на нејзините настапи.

Станува збор за младата пејачка Лара Иванова која првата вечер заблескала со црно, а втората во златно. Таа на својот инстаграм-профил објави повеќе слики и видеа и напиша:

– Огромна чест и задоволство е да се настапи на ревијалната вечер на јубилејниот 40 роденден на „Макфест“. Благодарам што постоите!

Голем предизвик за еден артист е да може да ги спои танцот и пеењето, а токму тоа е мојата цел и горда сум што со многу труд и посветеност преку овој настап со мојата нова песна „Доминантен“ успеав тоа да го реализирам. Ова е само почеток на едно мое ново поглавје – рече Лара.

Лара Иванова Фото/Инстаграм

Таа последната вечер, заедно со Пајак го испеа хитот „Бела“ кој на Јутјуб има 30 милиони прегледи. Инаку, автор на музиката за нејзината нова песна е Андреј Николов заедно со Лара, текст го напишаа Андреј Поповски и Робин Зимбаков, а аранжманот е на Андреј Николов.

Лара и Пајак Фото/ Јутјуб принтскрин

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....