5.8 C
Скопје
23:09 - 13 март, 2026

(Фото) Осум години помлад: Овој Србин е вториот сопруг на Ведрана Рудан

ведрана рудан

Познатата хрватска писателка Ведрана Рудан е позната по својот остар јазик и отворените размислувања на различни теми.

Иако редовно зборува и пишува за својот живот, она што многумина не го знаат е дека Ведрана двапати се мажела.

Нејзиниот прв брак траеше повеќе од 14 години и во него доби две деца, ќерката Асја и синот Славен.

Ведрана не криеше дека претрпела малтретирање за време на бракот, а во една прилика и проговори за тоа.

„Првиот маж кој ги исполнуваше естетските критериуми, толкави раменици, колковите оволкави, косата таква, волшебна насмевка, очи такви, е, ти си тој. Други сигнали не сакав ни да видам. Мојот прв маж беше како мојот татко, само во друга форма, и многу полош, многу поперфиден, многу полукав. Еден ден дожд, друг ден букет цвеќе, сигурен психопат. Бев збунета како и сите злоставени жени, зашто денес ќе те претепа, а утре ќе ти донесе букет цвеќе и ќе ти каже: „Немој да ме провоцираш, се ќе биде во ред“, раскажа своевремено Рудан.

Уште додека била во брак го запознала младиот адвокат и со него започнала афера, по што се развела. Како што објасни подоцна, во тој брак никогаш не била среќна.

Нејзиниот втор сопруг е осум години помлад од неа, адвокатот Љубиша Драгејевиќ, Србин е, и со него и денес е во скаден брак и заедно живеат во Риека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

„Љубиша ме научи на толеранција. Ме промени на подобро. А моите деца се многу пообразувани од мене. Славен прочита илјадници книги, а Асја зборува четири јазици, а јас сум им лош ученик. Немам веќе време за учење. Меѓутоа, децата со своето раѓање ми покажаа дека постои безусловна љубов. Без разлика што ќе направат, јас би застанала зад нив. Не, секако, зад постапката, но сигурно зад нив“, рече Ведрана своевремено.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....