15:28 - 27 ноември, 2026

(Фото) Николија го одследила Реља на Инстаграм, ги спакувала куферите и отпатувала во Италија

Пејачката Николија Јовановиќ го одследила својот сопруг, Реља Поповиќ, од Инстаграм, додека медиумите бргу пренесуваат информации за наводна афера на пејачот. Николија ги спакувала куферите и го напуштила домот во Србија.

Николја Инстаграм

Таа моментално престојува во Италија, од каде сподели низа фотографии и покажа како ужива со својата полусестра Теодора, очигледно без да биде погодена од шпекулациите околу нејзината врска со Реља.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NIKOLIJA (@nikolijaofficial)

„Женско патување“ – напиша Николија во описот на фотографијата, а многумина беа изненадени што нејзиниот сопруг не е со неа.

Подоцна, таа објави уште фотографии и откри дека се упатила на скијање во Италија.

Иако ниту Реља ниту Николија официјално не се огласиле за наводите, пејачката направи шокантен потег на социјалните мрежи – го одследила сопругот од листата на следени.

Сè уште не е познато зошто го направила тоа и дали има врска со наводната афера за која медиумите зборуваат веќе неколку дена. Јавноста останува да види дали Николија ќе даде официјална изјава и што ќе каже за ситуацијата.

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.
Се вчитува....