-0.2 C
Скопје
06:15 - 14 март, 2026

(Фото) Неверниот сопруг на Натали Портман бара прошка од глумицата: По аферата со младата активистка, пишман

Сопругот на Натали Портман побарал од неа прошка откако ј изневерил со млада активистка.

Сопругот на Натали Портман се обидува да ги среди работите со актерката откако ја изневерил со млада активистка. Кореографот Бенџамин Милепид нема намера да се разведе од Натали. За ова пишува Page Six, повикувајќи се на извори блиски до парот.

Информациите за разделбата на сопружниците почнаа да се шират откако медиумите објавија докази за неверството на Милепид. Во печатот се појавија фотографии на кои танчерот се бакнува со 25-годишната активистка за климатски промени Камил Етјен.

„Тие не раскинаа и се обидуваат да ги решат работите. Бен дава се од себе за да ја натера Натали да му прости. Тој ја сака неа и нивното семејство“, рекол изворот. Исто така, се прецизира дека Портман, на позадината на неверството на нејзиниот сопруг, одлучила да се фокусира на нивните деца за да не бидат повредени.

Портман и Милепид се запознале во 2009 година на снимањето на Black Swan. Тие се верија во 2010 година, а се венчаа во Калифорнија во 2012 година. Двојката го има 12-годишниот син Алеф и 6-годишната ќерка Амалија. Пред неколку години, парот веќе имаше криза во врската, поради што беа на работ на развод. Сепак, успеаја да ги подобрат односите и да го спасат бракот, а ова е втор обид за спасување на врската.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....