18.8 C
Скопје
08:21 - 19 мај, 2024

(Фото) Моника Белучи и Тим Бартон вљубени во Мадрид: „Луд сум по неа, ја сонувам“

Кога првпат еба овековечени како се гушкаат и бакнуваат на улиците во Париз, ги нарекоа чуден пар. Пред само неколку дена фотографиите предизвикаа многу врева затоа што Моника Белучи, прекрасната 58-годишна глумица, според магазинот „Paris Match“ конечно ја нашла љубовта покрај шест години постариот Тим ​​Бартон. Францускиот неделник ги стави двајцата на насловната страна, додека тие шетаат рака под рака низ улиците на Париз и прв ја фрли бомбата. „Тие се пар“, гласеше насловот. А потоа зборуваше за „приказна родена во најголема доверливост“, но која сега е подготвена да експлодира.

И навистина експлодираше. По Париз, Моника и Тим се сега снимени на улиците во Мадрид и очигледно веќе не се кријат.

И двајцата облечени во црна модна комбинација, тој со шапка на главата, а таа со широки црни панталони, палто, чизми со високи потпетици и црни очила за сонце.

Парот пристигнал во Мадрид кадешто престојува деновиве поради деловни обрски на Тим, додека Моника му прави друштво.

Моника и Тим се сретнале за прв пат накратко на Канскиот филмски фестивал во 2006 година. Но тогаш не се случило ништо. Шеснаесет години подоцна, се слуила новата средба, минатиот октомври на филмскиот фестивал Лумиер во Лион кога љубовта била родена.

Бартон, свеж од режисерскиот успех за серијата „Среда“, отсекогаш имал зборови на восхит за убавата италијанска актерка, сега со постојана адреса на живеење во Франција. Уште пред десет години за неделникот Гала тој ја призна својата страст кон Моника со зборовите: „Луд сум по Моника Белучи. Сонувам да бидам заглавен во лифт со неа. Таа е толку убава…”. И сега конечно успеа да го круниса својот сон.

Бартон претходно беше во брак со уметничката Лена Гисеке од 1989 до 1993 година. Потоа имаше врска со глумицата Лиза Мари која се појавуваше во некои негови филмови, па потоа до 2014 година беше во брак со британската актерка Хелена Бонам Картер, со која има две деца, Били Реј. и Нел.

Моника, пак, кога била многу млада, се омажила само на неколку месеци со фотографот Клаудио Карлос Басо, а потоа во нејзиниот живот пристигнал и Винсент Касел. Тие беа заедно 14 години, до 2014 година, и имаат две ќерки, Дева и Леони. По збогувањето, актерката имаше врска со уметникот Николас Лефевр, многу помлад сценограф и сликар, кој благодарение на неа во јавноста стана познат во 2018 година. Тие раскинаа пред извесно време, но таа отсекогаш имала слатки зборови за него: „овој човек ме научи толку многу работи. Тој е личност која има вистински уметнички сензибилитет“.

Слични објави

Опасен период: Три хороскопски знаци кои треба да внимаваат до крајот на мај

еспресо

Бен Афлек во „лов“ на куќа по гласините за развод од Џенифер Лопез: „Таа не може да го контролира, тој не може да ја промени“

еспресо

Јелена Карлеуша ја шокираше јавноста со изјава за злоупотребата на нејзиното куче: „Тоа беше сурова игра“

Еспресо

(Фото) Прво огласување на Марко по излегувањето од притвор! Јавно ѝ се обрати на Луна: Да дочекаме барем…

Еспресо

(Фото) „Мојата единствена девојка!“: Тони Бијелиќ во доцните часови објави фотографија и покажа детаљ од приватниот живот

Еспресо

Никола Роквиќ во кавга со Жељко Самарџиќ: „Бедно, како не ви е срам?“

еспресо
Се вчитува....