12.8 C
Скопје
12:58 - 27 март, 2026

(Фото) Моника Белучи блесна во црвено: Вака изгледа среќна и вљубена жена (иако не беше во близина Тим Бартон)

Италијанската актерка Моника Белучи се појави на 48-то доделување на француските национални филмски награди Цезар.

58-годишната Моника Белучи во концертната сала Олимпија во Париз дојде во целосно црвен моден изглед.

Актерката беше облечена во црвен фустан на Диор до подот, со длабоко деколте, плисирано здолниште и наметка.

Модниот изглед беше комплетиран со ѓердан од Картие.

Ова појавување беше прво за Моника Белучи откако се појавија гласини за нејзината љубовна врска со 64-годишниот американски филмски режисер Тим Бартон. Пред неколку дена папараците ги снимија Белучи и Бартон во Париз – шетаа рака под рака и се бакнуваа, а вчера осамнаа фотографии од вљубениот пар на улиците во Мадрид.

Според новинарите, романсата меѓу актерката и филмскиот режисер започнала по средбата на 14-тиот филмски фестивал „Браќата Лумиер“, кој се одржа во октомври минатата година во францускиот град Лион. Таму Бартон доби награда од рацете на Белучи.

Слични објави

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Херојски подвиг: Саша Ковачевиќ му помогна на човек по сообраќајна несреќа

Еспресо
Се вчитува....