12:34 - 13 ноември, 2026

Воведен курс по астрономија во организација на Скопско астрономско друштво

Скопското астрономско друштво, со почеток од 14 март, ќе организира воведен курс по астрономија. Овие предавања се одлична можност да се запознаете со работата на друштвото, доколку сте заинтересирани да се придружите како членови.

Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти бидат претставени преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во предавална 122 на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 19:00 часот.
Курсот ќе започне на 14.3.2023 (вторник). Предвидени се 10 термини, од кои два надвор од ФЕИТ: во

Планетариумот при Младинскиот културен центар во Скопје и теренско набљудување на ноќното небо. Предавањата ќе завршат на 13.4.2023.

За да се пријавите на курсот неопходно е да го пополните формуларот на вебсајтот на Скопското астрономско друштво. Цената на курсот е 2200 денари и се уплаќа пред почетокот на првото предавање.

За студентите од ФЕИТ (со приложен индекс или студентска легитимација) курсот е бесплатен.
Важно: Курсот не се препорачува за деца под 14 години.

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....