13:48 - 1 април, 2026

(Фото) „Многу хемија“: Детали за средбата помеѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез

Американскиот актер Бен Афлек „не можеше да ги држи рацете“ подалеку од Џенифер Лопез за време на нивниот состанок среде вестите за развод. За ова пишува Page Six.

Оскаровецот Бен сакал да ја сретне својата втора сопруга во хотелот Беверли Хилс за да покаже дека се „пријатели“ и да се фотографираат за медиумите. Сепак, актерот и режисер не можел да ги држи рацете подалеку од поранешната партнерка, ексклузивно објавија извори.

Славното дуо имаше ручек со своите деца во познатиот Поло салон во Беверли Хилс, Калифорнија – и тие се гушкаа и бакнуваа, според очевидци.

Изворот вели дека токму Бен дошол на идеја да ја сретне Џеј Ло на видно место со надеж дека ќе ги фотографираат папараците.

„Кога беа заедно, тој не можеше да ги држи рацете подалеку“, рече изворот.

Инсајдерот додаде: „Тие отсекогаш имале многу сексуална хемија. Тоа не беше планирано. Тие сè уште се привлекуваат еден со друг“.

Двете деца на Бен Афлек, Серафина (15) и Семјуел (12) и наследниците на Џеј Ло, Ема и Макс (16) седеа на друга маса за време на семејното излегување.

Беше објавено и дека јавното обединување на „Бенифер“ сè уште не значи помирување. Се чини дека Џеј Ло се обидува да биде пријателка со Бен, но тие се уште одат кон развод.

 

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....