14:31 - 27 ноември, 2026

(Фото) Мина Наумовиќ, сопругата на Огњен Амиџиќ ужива во бременоста: Откри кој пол е бебето!

Сопругата на Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ, која максимално ужива во бременоста, сега се огласи преку социјалната мрежа Инстаграм и проговори за својата бременост.

Пред сѐ, таа истакна дека во моментов е задоволна што е помалку изложена на јавноста.

– Најмногу ме прашувате за бременоста и зошто повеќе ме нема толку често. Ме нема затоа што така се чувствувам подобро, се чувствувам подобро кога сум помалку изложена и ми е поудобно во оваа фаза од животот. Моментално сум бремена осми месец и изгледам како секоја друга бремена жена – рече таа.

Патем, многумина забележале колку Мина блеска во бременоста, како и дека е многу убава без шминка.

Огњен неодамна проговори и за среќната вест и не криеше колку е возбуден поради проширувањето на семејството.

– Секако како и секогаш, апсолутно одново, тоа е најубавото нешто на светот. Бидејќи го знаеме ова долго време, долго време сме воодушевени и пријатно изненадени – рече тој.

Во својата објава, пак, Мина потврди дека очекува девојче со Амиџиќ.

– Ни доаѓа девојче што толку многу го посакувавме, особено тато Огњен. Се чувствувам како да сум бремена по првпат. Втората бременост ми е потешка. Доминантно чувство е тоа што во првата бременост си бев убава, а сега едното око ми е на челото, другото на коленото. Велат дека девојчињата ја земаат убавината на мајка си, во мојот случај навистина е така – коментираше Мина.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....