09:32 - 10 ноември, 2026

(Фото) Љубов на ачик: Џенифер Лопез го покажа скапоценото ланче посветено на Бен Афлек

Џенифер Лопез е горда што е госпоѓа Афлек. Ѓерданот прикажан на социјалните мрежи е слатка посвета на нејзиниот сопруг.

Во својата најнова објава на Инстаграм, г-ѓа Афлек сподели фотографии во глам изглед облечена во раскошна бела (кратка) бундичка од вештачко крзно, бел свилен комбинезон со нагласено деколте и два детали кои ја откриваат нејзината љубов и посветеност на сопругот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Станува збор за ланче од бело злато со привезок во форма на колибри: симбол кој носи среќа со 172 мали светкави камчиња.

Ланчето е од брендот EF Collection на Emily Faith и чини 3.050 евра.

И секако дека е невозможно да не се забележи второто ланче околу вратот. Ѓерданот е персонализирана креација на Џенифер Зеунер и ги носи имињата на парот – Џенифер и Бен. Цената започнува од 170 евра, па нагоре.

Тоа не е единственото ланче посветено на сопругот: таа има и едно со натпис „Госпоѓа“. Слатката посвета доаѓа веднаш откако во неодамнешното интервју за Вог кажа колку е горда што го носи презимето на нејзиниот сопруг, сметајќи дека тоа е романтичен гест.

Слични објави

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....