15:51 - 1 ноември, 2026

(Фото) Лејла Рамковска атрактивна на Санторини — ќерката Каја ѝ беше личен фотограф

Македонската јога инструкторка Лејла Рамковска ужива во летниот одмор на Санторини, а дел од убавите моменти од популарниот грчки остров ги сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи.

Рамковска објави серија фотографии на кои позира во атрактивни летни изданија, а друштво на патувањето ѝ прави нејзината ќерка Каја. Токму таа била задолжена и за фотографиите со кои Лејла се пофали на социјалните мрежи.

„Ако ви треба фотограф, обратете ѝ се на Каја. Од 20 слики, 29 добри“, напиша Рамковска на шега.

Фото: Инстаграм/Лејла Рамковска

Лејла и претходно зборуваше за љубовта кон патувањата. Во минатогодишно интервју за „Слободен печат“ откри дека нема едно омилено место за одмор, бидејќи повеќе сака да открива нови дестинации и детално да ги истражува.

„Немам омилено, секогаш сакам да видам нови места и да ги истражувам детално“, изјави тогаш Рамковска.

Фото: Инстаграм/Лејла Рамковска

Во истото интервју таа зборуваше и за односот со своите деца, нагласувајќи дека настојува да им биде пријател и да изгради однос во кој тие ќе можат отворено да ѝ се обратат и кога ќе згрешат или кога се двоумат.

Рамковска е мајка на Каја и Каан, кои ги има од бракот со Сефер Цановски. Таа е ќерка на Велија Рамковски, а во јавноста во последните години е препознатлива по својата посветеност на јогата и здравиот начин на живот.

Фото: Инстаграм/Лејла Рамковска

За „Слободен печат“ своевремено раскажа дека јогата за неа одамна престанала да биде само физичка активност и станала неопходен дел од секојдневието.

„Јогата е враќање дома, кон себе“, рече таа, објаснувајќи дека внатрешниот мир не треба да се бара во другите, туку во себе.

Нејзината филозофија се одразува и во начинот на кој гледа на убавината и стареењето. Рамковска смета дека жената може да биде убава во секој период од животот, а како важни навики ги издвојува читањето, вежбањето, престојот во природа и ограничувањето на контактот со токсични луѓе.

Слични објави

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.
Се вчитува....