14:01 - 27 ноември, 2026

(Фото) Лазар Ристовски и Аница Лазиќ се венчаа – тој ја бакнува во челото, не ја тргаат насмевката од своите лица

Актерот Лазар Ристовски и неговата 39 години помлада избраничка Аница Лазиќ официјално се венчаа и го кажаа судбоносното „да“.

Тие ја споделија среќната вест со своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи емотивна фотографија со краток опис „Штотуку венчани“.

На сликата, младенците ги задржуваат насмевките на лицата, додека Лазар нежно ја бакнува својата сакана на челото.

Набргу по објавувањето, следеше лавина од честитки и добри желби од бројни колеги, пријатели и обожаватели.

Овој емотивен чин претставува круна на нивната љубовна приказна, за која јавноста долго време зборува со голем интерес.

Да потсетиме, актерот Лазар Ристовски и 39 години помладата Аница Лазиќ се во среќна врска неколку години и не обрнуваат внимание на лошите коментари. Ја криеја својата романса околу една година, а ја започнаа по неговиот развод со Даница Ристовски, со која актерот има два сина.

Нивната врска привлече големо внимание од јавноста уште од самиот почеток, а двојката не го крие фактот дека е среќна и хармонична, без оглед на разликата во годините.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....