16:01 - 12 април, 2026

(ФОТО) КУЌАТА НА КЕВИН ОД ФИЛМОТ „САМ ДОМА“ ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ НА ЕДЕН ДЕН: Еве како изгледа денес

home alone

Оваа празнична сезона, љубителите на филмот „Home Alone“ можат да уживаат во вистинската резиденција на Кевин Мекалистер, која наскоро ќе биде достапна за резервации преку „Airbnb“, но, за само една ноќ, на 12 декември.

Четворица гости ќе можат да останат во куќата и да вечераат во истата кујна каде што Меколи Калкин уживаше во пица и истураше млеко пред 30 години во омилениот божиќен филм на многу генерации.

Покрај тоа, посетителите можат да уживаат во игрите од 90-тите и брзата храна заедно со братот на Кевин Мекалистер Баз (Девин Ретрај) по разумна цена од 25 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mashable Pakistan (@mashablepk)

Згора на тоа, гостите ќе уживаат во врвната забава гледајќи го филмот „Home Alone“ во уникатен амбиент.

„Можеби не ме помните како особено пристојна“, вели Ретреј, кој го играше ликот на Баз, „но јас пораснав и навистина би сакал да го споделам мојот семеен дом – дури и пицата – со вас оваа празнична сезона. Само обидете се да не дозволите мојата тарантула Аксел и овојпат да се изгуби“, рече тој.

Баз на четирите среќни ќе им даде и „LEGO Ideas Home Alone“ сет за паметење на времето поминато во култната резиденција.

„Сега можеби сме сите постари и помудри, но никогаш не сме престари за празнични глупости“, додава Баз, „Значи, оваа година, поминете ги празниците не толку сами дома во куќата на моите родители“.

Оние кои сакаат да уживаат во ноќта со Баз можат да побараат резервација од вторник, 7 декември, во 13 часот на платформата „Airbnb“. Патувањето до куќата не е вклучено во цената.

Слични објави

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо
Се вчитува....