01:44 - 9 август, 2026

(Фото) Која е Викторија Канал, новата девојка на Том Круз: Музичарка без една рака, се дефинира како бисексуалка

Пред само неколку месеци ѕвездата Том Круз ја прекина врската со девојката од високата класа, милијардерката Елсина Хајрова, позна руска манекенка; но веќе љубовта повторно затропа на врата на глумецот кој е одлучен да се жени и да има дете, како што самиот неодамна е изјасни.

Како што пренесува италијанси Лего, сè поупорните гласини тврдат дека има сè поинтимна врска со Викторија Канал, 25-годишна пејачка и текстописец, што го поттикнува верувањето дека таа е новата девојка на Том Круз.

Но која е Викторија Канал, новата девојка на Круз? Младата жена ја искористи ковид-пандемијата за да го покаже својот голем музички талент на социјалните мрежи, правејќи упех со Крис Мартин кој силно ја сакаше на списокот на неговата издавачка куќа. Поради т.н. синдром на амнионска лента, новата девојка на Том Круз е родена без десната подлактица; состојба која во никој случај не ја спречи нејзината желба да се пробие со својот талент.

Викторија Канал и суперѕвездата се запознале во Англија за време на фестивалот Гластонбери. Како што пишува „Лего“, веднаш следувале различни причини за повторна средба: прво покана на актерот на сетот на „Невозможна мисија“, потоа заедничко возење со хеликоптер за да не се пропушти првата проекција на филмот „Twisters“.

Очигледно, дури и според британскиот и американскиот печат, би имало неколку индиции за поддршка на тезата според која Викторија Канал е новата девојка на Том Круз. „Тие се практично неразделни“, рекоа оние кои имаа можност одблиску да ги набљудуваат; сведоштво на кое се додаваат изворите на „Сан“ кои ја потврдија посетата на Викторија на сетот на „Невозможна мисија“ (Mission Impossible).

По потекло од Шпанија, а родена во Минхен, Викторија живеела во различни градови низ светот, вклучувајќи ги Шангај, Токио, Барселона, Мадрид, Дубаи и Амстердам. Пејачката се дефинира себеси како бисексуалка. Музиката отсекогаш била нејзина најголема страст, толку многу што почнала да зема часови на шестгодишна возраст. Неодамна таа потпишала договор со престижната издавачка куќа Parlophone Records. Синглот „Лебедова песна“ од 2022 година беше промовиран како „една од најдобрите песни некогаш напишани“.

Моментно, Викторија се подготвува да започне своја турнеја во Европа и Северна Америка по објавувањето на нејзиниот нов сингл California Sober.

 

 

Слични објави

Татјана Лазаревска: „Со години ја убедував Маријана повторно да снима“

Еспресо

Марина Петровска, велнес-советник: Зошто многу жени не можат да ослабат иако се трудат?

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ изгледа феноменално во едноставен едноделен костим за капење

Еспресо

(Видео) Багери во дворот и работници на жештините: Верица Ракочевиќ и Вељко градат базен на Авала

Еспресо

(Фото) Анѓелка Прпиќ „пука“ од гордост – денеска е важен ден за нејзиниот син

Еспресо

(Фото) Кога облеката зборува за вас: „Капитол“ со нова колекција за мажи со изграден стил

Еспресо
Се вчитува....