19.8 C
Скопје
17:09 - 22 октомври, 2026

Десингерица се огласи по откажаниот настап во Врњачка Бања: Објавата е глупост

Ненадејно е откажан уште еден настап на Драгомир Деспиќ Десингерица, овој пат во еден од клубовите во Врњачка Бања, а тој се огласи по тој повод.

Во соопштението објавено на Инстаграм, организаторите објаснија дека одлучиле да го откажат настапот на Десингерица поради загриженост за безбедноста на присутните, особено на младите.

„Откажано. Не дозволуваме никој да ни ги тепа децата со патики по глава. Децата не се виновни, ние сме тука да се грижиме за нив и да им покажеме што е добро за нив, а што не“, се вели во објавата.

После тоа се огласи и самиот Десингерица, кој за српски „Блиц“ го кажал следното:

„Искрено, не знам од каде го знаете тоа, имавме рок за уплата на депозитот, депозитот не беше уплатен и настапот беше откажан, тоа е сѐ. Не знам зошто не го уплатија депозитот и нема да навлегувам во тоа, но таа објава што излезе е глупост, веќе се договоривме за друг датум и тоа е тоа“.

Да потсетиме, минатата недела во Црна Гора почна полемика околу неговите настапи, а некои бараа да му се забрани на Десингерица да настапува во Будва.

Слични објави

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

К.С.

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.
Се вчитува....