00:30 - 12 јули, 2026

(Фото) Која е снаата на Драгана Мирковиќ: Убавата графичка дизајнерка е поддршка во тешките денови на пејачката

Пејачката  Драгана Мирковиќ по веста за разводот, покрај синот Марко и ќерката Мануела, ја доби поддршката и од снаата, избраничката на синот.

Веста за разводот на регионалната ѕвезда го потресе регионот кога објави дека таа и нејзиниот сопруг не живеат под ист покрив од 2021 година. Бизнисменот Тони и Драгана беа заедно повеќе од две децении.

Анастасија, девојката на Марко, стана голема поддршка на семејството. Таа дојде како придружничка на Марко на концертите на Драгана во Белград, уште кога не се зборуваше за развод. Младиот пар пристигна во бесна „машина“, а судејќи според социјалните мрежи на Анастасија, таа наскоро треба да наполни 22 години и се занимава со графички дизајн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasia (@adijanovic)

– Мојот однос со Тони веќе подолг период не е каков што беше, а последните три години практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив се за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето тој јаз стана се поголем и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање точка на нашиот брак – напиша Мирковиќ.

Пејачката додаде дека ќе се обиде да остане доследна на своите принципи:

– Сигурно останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на семејството и на мојата публика и секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години.

– Поради сето тоа ова е моето единствено обраќање во однос на се, им благодарам на медиумите за досегашната соработка и ве молам да ја почитувате оваа одлука и да не ја зголемувате тежината на моментот низ кој минува целото наше семејство.

– Со надеж дека следниот пат ќе ве исконтактирам со многу подобри вести, однапред ви благодарам за разбирањето – вели Драгана Мирковиќ во соопштението.

Аца Лукас се исели од Белград, живее во мало место: Еве која е причината

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....