5.8 C
Скопје
16:30 - 22 декември, 2024

(ФОТО) КОЈ ГО ЗАПОЧНА ОВОЈ „ТРЕНД“: Познати жени кои позирале голи во бременоста!

Деми Мур, Синди Крафорд, Серена Вилијамс, Бритни Спирс jа покажаa сета убавина на женското тело во бременоста. Нивните уметнички фотографии за насловните страници на најпознатите светски списанија – без облека во поодмината бременост – и денес привлекуваат големо внимание, пренесува „Elle“.

Деми Мур (1991)

Насловната од која се чини дека започна овој „тренд“ е дело на фотографот Ен Либовиќ кој ја фотографирал Деми Мур во 1991 година за августовскиот број на магазинот „Vanity Fair“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanity Fair Photo (@vfphoto)

Познатата актерка тогаш била во седмиот месец од бременоста со нејзиното второ дете. Нејзината поза со прекрстени раце преку градите стана инспирација за другите познати мајки кои потоа тргнаа по нејзините стапки. Во следните децении стана речиси традиција пејачките и актерките да се фотографираат како трудници и на тој начин да го најавуват доаѓањето на нивното бебе.

Синди Крафорд (1999)

Супермоделот и во тоа време идна мајка ја красеше насловната страница на магазинот „W“ за изданието од јуни 1999 година.

Моника Белучи (2004)

Италијанската актерка позираше целосно гола за време на нејзината бременост за јулскиот број на магазинот „Vanity Fair“ од 2004 година.

Интересно е што истото го направи и во мај 2010 година, само во црн градник и црн капут.

Бритни Спирс (2006)

Кралицата на поп музиката позираше за насловната страница на списанието „Harper’s Bazaar“ за изданието од август 2006 година. Тогаш Спирс беше бремена со нејзиниот втор син.

Ева Херцигова (2007)

И чешката манекенка и актерка тргна по стапките на познатите жени во шоубизнисот и се фотографираше без облека додека беше бремена во февруари 2007 година за магазинот „Vanity Fair“.

Кристина Агилера (2008)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Xtina 💋 (@mydivaxtina)

Агилера ја красеше насловната страница на списанието „Marie Claire“ во јануари 2008 година. Таа позираше слично како Деми Мур на легендарната фотографија, само што беше облечена во кожна јакна.

Мараја Кери (2011)

Пејачката позираше гола додека беше бремена со близнаци во април 2011 година за насловната страница на магазинот „Life & Style“.

Џесика Симпсон (2012)

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Кога можеа другите поп-ѕвезди како Бритни Спирс и Кристина Агилера, можеше и Џесика, па таа позираше гола бремена во април 2012 година за „Elle“. Таа во тоа време ја носела својата ќерка Максвел.

Кортни Кардашијан (2014)

 


Најстарата сестра од семејството Кардашијан се фотографираше за „Dujour“ во деветиот месец од бременоста со своето трето дете.

Серена Вилијамс (2017)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diario Femenino (@diariofemenino_)

Познатата фотографка Ен Либовиќ направи уште една фотографија од бремена позната мајка. По Деми, таа ја фотографираше и тенисерката Серена Вилијамс за августовското издание на „Vanity Fair“ во 2017 година.

 

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....