12:39 - 17 јануари, 2026

(Фото) Кој е Педро Санчез, шпанскиот премиер кој му го зеде жезолот на најсекси политичар од Џастин Трудо

Премиер на Шпанија стана во 2018 година и истиот миг женската популација му го предаде имагинарниот пехар на најсекси политичар во светот. Утре ќе престојува од Скопје. И така, „одблизу“ ќе го видиме „ел гуапо“. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pedro Sánchez (@sanchezcastejon)

Тој има 50 години, потекнува од богато мадридско семејство, магистрирал и докторирал по економија и политичката кариера почнал да ја гради како портпарол на Европскиот парламент. Сака кошарка, фудбал и домашни миленичиња. Но, тоа не е се: елегантен е, но истовремено и спортски тип, неговата сопруга го дефинира како „многу романтичен“, а дома го викаат „ел гуапо“ (згоден). Но, знаеше да им се оддоли на жените. Штом стапна на функцијата премиер, во својата влада назначи 11 жени од 15 министри, што е апсолутен рекорд.

Можеби тоа е и благодарение на Бегоња Гомез. Која е таа? Сопругата (од 2006 година) и мајката на неговите две ќерки Аинхоа и Шарлота, која веќе го има прекарот „шпанска Обама“. Таа е русокоса, шик и работи како професорка на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид. Своевремено, во една телевизиска емисија, Бегоња призна дека нејзиниот сопруг е „многу романтичен; ми пишуваше љубовни писма што ги чувам во дрвена кутија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EVTV (@evtvmiami)

Шефот на шпанската влада одлично се грижи за своето тело. Ако неговата сопруга е позната по нејзината трезвена елеганција и секогаш пуштена руса коса, тој веќе ја доби наградата за најдобро облечен политичар; не само во сако и вратоврска туку и во „уличен стил“, модна верзија која често ја преферира: Левис, бела кошула и син блејзер; или темна маича во комбинација со војничка јакна; темни мокасини; кошули кои не потсетуваат на оние кои ги носеше Обама – со двапати свртени ракави…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pedro Sánchez (@sanchezcastejon)

Од друга страна, тој стил и совршено му прилега, за спортист висок метар и 90 см. Санчез пораснал играјќи кошарка: до својата 21 година играл во младинската екипа на Естудијантес, голем мадридски клуб.

Ќе се сретне ли Педро Санчез без вратоврска со Ковачевски? Шпанскиот премиер тукушто даде интересна идеја за заштеда на енергија, а добро е Ковачевски да внимава и на климатизерот

„Не можев да станам професионалец, тоа е еден од моите големи фрустрирачки соништа“, призна тој своевремено за онлајн спортскиот весник AS. И додаде: „Кошарката ме фасцинира по нејзините вредности. Се обидувам да применам многу од нејзините принципи, како уметноста на компромис, пожртвуваност, трпение, во политиката“. Кошарката, вели, му го променила животот. Но, другата голема страст му е фудбалот, се разбира; навива за Атлетико Мадрид.

фото Инстаграм

„Постави“ и друг рекор. За прв пат во демократската историја на модерна Шпанија, кога ја презеде функцијата, побара да се отстранат традиционалниот крст и Библијата од церемонијата, што предизвика бран критики кај верниците. Наместо тоа, новиот премиерот ја стави десната рака на Уставот од 1978 година, Карта Магна. Сепак, барем до сега, времето „работи“ добро за згодниот социјалист. Можеби магичниот датум на раѓање му помага во тоа: 1972 година, 29 февруари. Може да слави роденден на секои 4 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pedro Sánchez (@sanchezcastejon)

фото Инстаграм

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pedro Sánchez (@sanchezcastejon)

 

Слични објави

Драмата со Реља и Николија не стивнува! Другарка на наводната швалерка на музичарот изнесе шокантни детали

Еспресо

(Видео) Анастасија и Гудељ разменуваат нежности во кафеана: Тој цврсто ја прегрнува, заљубени како првиот ден

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јануари: Потребна ви е добра организација

apostolova

Кој е мажот со кого Едита Арадиновиќ чека бебе? Пукале по него, имал проблеми со законот, а денес нашол мир

Еспресо

Фризерот на Цеца откри шокантна вистина за ѕвездите од естрадата: „Секоја втора е ќелава!“

Еспресо

Емина Јаховиќ го прослави роденденот во Турција: Деталот на тортата привлече големо внимание

E.A.
Се вчитува....