Ја сметаа за еден од најчудните и најконтроверзни ликови на американскиот шоубиз, Линдзи Лохан долго време важеше за лош пример што не треба да се имитира, а беше измачувана од критичарите и таблоидите. Денес таа конечно е скрасена во љубовната прегратка на сопругот Бадер Шамас, со кого се омажи во јули минатата година, а вчера објавија дека очекуваат бебе.
„Многу сме возбудени поради доаѓањето на нашиот нов член во семејството и со нетрпение го очекуваме ова следно поглавје од нашите животи“, изјави Лохан за „TMZ“, а среќната вест дека за првпат ќе стане мајка ја сподели и на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Но каков беше претходно бурниот живот на Линдзи? Кариерата на модел ја започна на само тригодишна возраст позирајќи за Келвин Клајн, односно од детенце беше предодредена на светот на шоубизнисот.
Во текот на нејзината кариера на модел беше дел од големи реклмани кампањи на славни модни марки, освои бројни насловни страници, а во светот на глумата влезе на само 12 годишна возраст.
View this post on Instagram
Во 2000те години успешно се обиде и како пејачка, издавајќи албум.
Но сепак проблемите ја следеа, заедно со гламурот, уште од најрана возраст.
Со континуираното изложување на центарот на вниманието уште од детството, Линзди Лохан имала неколку судски проблеми, а се бореше и со зависности, поради што подоцна сè помалку добиваше улоги за филмови, што речиси најпосле дефинитивно ја прекина нејзината кариера.
Всушност, помеѓу 2008 и 2015 година актерката играше само во неколку епизоди на Грдата Бети, и уште во два не толку значајни филма.
Што се случи со поранешното чудо од дете? Во 2007 година, на 21-годишна возраст, Лохан беше уапсена за прв пат по сообраќајна несреќа во пијана состојба. 2007 година е и годината во која е направена познатата фотографија на Линдзи Лохан, Парис Хилтон и Бритни Спирс во автомобил заедно кога се враќаат од забава. Трите познати личности со години беа критикувани од печатот за нивните ексцеси.
Оттогаш, Лохан постојано се враќаше во институциите за рехабилитација поради зависноста од дрога и алкохол и неколку пати беше апсена. Во една прилика кај неа бил пронајден и кокаин.
Проблемите не завршуваат тука, Линсдеј Лохан всушност продолжува да има проблеми со правдата поради кражби, предизвокување сообраќајни несреќи, но и поради тоа што не учествува на рехабилитационите сеанси наложени од судовите.
Од 2014 години се пресли во Дубаи, и се обидуваше повторно да се врати на филсмкиот свет. Но сепак, тоа не беше толку успешно.
Фановите особено ги израдува лани, со веста дека ќе се мажи за Бадер Шамас, со кого претходно тајно била во врска две години. И годинава туку што стигна уште една добра вест, дека чекаат детенце. Очигледно, банкарот од Кувајт добро се погрижи за здравствената состојба на глумицата, која најпосле и доби улога за филм.
Лани, по осумгодишна пауза, Линсдеј Лохан конечно се врати на глумата во божиќен филм за Нетфликс. Филмот е романтична комедија, а покрај Лохан глумат и Хорд Оверстрит, Џорџ Јанг, Џек Вагнер и Оливија Перез. И навистина, Лохан о филмот е прслатка.
View this post on Instagram
Но кој е банкарот од Кувајт?
За разлика од Лохан, Шамас го живееше својот живот надвор од очите на јавноста: за време на нивната врска, неговиот профил на Инстаграм – со околу 700 следбеници – беше приватен.
Успеа врската со Лохан да ја чува само за очите на најблиските.
Студирал на Универзитетот во Јужна Флорида машински инженеринг од 2007 до 2010 година.
Потоа, бил на Универзитетот во Тампа за да добие диплома за финансии од 2010 до 2012 година.
Неговото образование за финансии го доведе до високо работно место во BNP Paribas Wealth Management пред да стане помошник потпретседател – според неговиот LinkedIn – во инвестициското банкарство Credit Suisse во 2018 година.
Двојката се запозна откако Лохан се пресели во Дубаи пред речиси седум години.
Лохан рече дека преселувањето во Дубаи и дало „нов почеток“ во 2018 година, што беше околу времето кога таа и Шамас почнаа да се забавуваат.
Нејзините пријатели тврдат дека таа не се вратила во Лос Анџелес цела деценија и дека не планира да се врати наскоро. Со својата љубов заедно живеат во Дубаи.
За веридбата, банкарот ѝ подари на Линдзи прстен од 250.000 долари.