9.8 C
Скопје
23:35 - 27 октомври, 2026

(Фото) Снежна бура ги погоди САД: Снег над два метра, илјадници домови без струја

Повеќе од 250.000 домови и бизниси низ Њујорк и Нова Англија се во темница од синоќа.

Соединетите Американски Држави се уште се справуваат со силно невреме кое носи обилни врнежи од дожд во еден дел од земјата, додека жителите во другите делови се справуваат со снежна бура.

Стотици летови беа откажани вчера бидејќи зимското невреме предизвика намалена видливост поради снежните виулици и снегот кој наврна повеќе од два метри во некои делови од земјата.

Во меѓувреме, на запад, Калифорнија се соочува со поплави од дожд и топење на снег од изминатите недели. Речиси 27.000 луѓе добија наредба да се евакуираат поради заканата од поплави и лизгање на земјиштето.

Калифорнијците изморени од зимската бура сега се соочуваат со уште еден моќен атмосферски феномен, објави Националната метеоролошка служба на Твитер.

Некои области на Вермонт и Масачусетс веќе имаат над два метри снег од пладнето во вторник. Националната метеоролошка служба ги предупредува жителите на Њујорк и Нова Англија на опасни услови за возење и слаба видливост.

Невремето зафати делови од Нова Англија, Њујорк, Пенсилванија и Њу Џерси, а стотици училишта се затворени.

Силните ветрови и тежината на снегот на гранките на дрвјата може да ги урнат далноводите и да предизвикаат прекини на електричната енергија, предупреди метеоролошката служба. Повеќе од 250.000 домови и бизниси низ Њујорк и Нова Англија беа во темница од синоќа.

Невремето остави повеќе од 350.000 домови и бизниси низ Калифорнија без струја од вторник попладне. Најмногу прекини имаше во западно-централните делови на земјата.

 

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....