19.8 C
Скопје
18:39 - 2 октомври, 2026

(Фото) „Кога еден живот не е доволен“: Амбани, најбогатото семејство во Индија вака прави свадба на синот

Канадскиот пејач Џастин Бибер беше последниот во низата светски ѕвезди кои настапуваа за синот на најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани, на забавите во чест на неговата претстојна венчавка.

Бибер викендов настапи во Мумбаи пред Анант Амбани, неговата свршеница Радика Мерчант и нивните многубројни гости.

Марк Цукербер на предсвадбена забава, инстаграм

На првата предсвадбена забава пак, настапи Ријана, а на втората на крстарење по Медитеранот настапија Бекстрит Бојс, американската пејачка Кети Пери и италијанскиот тенор Андреа Бочели.

Сега, луѓето ширум светот кои ги следеа овие настани со задушен здив чекаат вести за тоа кој ќе настапи на самата венчавка овој викенд.

Се шпекулира дека тоа би можела да биде Адел, но семејството се уште молчи.

(Фото) Дрејк, Адел,100 готвачи и по 10 илјади долари подарок за секој гостин: Детали за свадбата на најбогатиот младоженец во Индија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VenueMonk (@venuemonk)

Не се штедат пари за свадбата на најмладиот син на индискиот милијардер Мукеш Амбани, чие богатство „Форбс“ го проценува на повеќе од 120 милијарди долари – во обем ги надминува не само најекстравагантните индиски свадби, туку и свадбата на сопствената ќерка на Амбани, на која настапи Бијонсе.

Минатиот викенд, невестата и младоженецот одржаа традиционална предсвадбена церемонија со музика и играње.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radhika Merchant (@radhikamerchantfc)

Мукеш Амбани заедно со другите членови на семејството излегоа на сцената и танцуваа на хитот „Дееванги“ од боливудската ѕвезда Шах Рук Кан од филмот „Кога еден живот не е доволен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WedMeGood (@wedmegood)

(Фото) Ријана, 2.500 јадења и кодекс на облекување на девет страници: Што се знае за свадбата на индискиот милијардер Анант Амбани

Слични објави

Се огласи Џина Џиновиќ откако ѝ го уапсија поранешното момче — сподели порака на Инстаграм

К.С.

„Кавгаџика сум, брзо се нервирам,“: Александра Пријовиќ за килограмите, расправиите со Филип и третото дете

Е.А.

Весна Петрушевска се присети на болното искуство од детството и откри низ што поминувала нејзината ќерка Мина

Еспресо

Ана Николиќ реши засекогаш да ја напушти естрадата: „Подготвувам турнеја и проштален албум“

Еспресо

Кога мајка ми имаше тумор, а татко ми беше во притвор, Слаткар ми помогна: Емотивна приказна на Тајзи

Еспресо

Ивана Селаков со години се борела за потомство, а потоа следувал нов предизвик со ќерката: „Четири години не јадеше нормално“

К.С.
Се вчитува....