18:51 - 31 октомври, 2026

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

Сури Круз изгледа како „слика и прилика“ на нејзината мајка, актерката Кејти Холмс, од времето на почетокот на актерската кариера. Девојката која тукушто наплни 18 години се прошета на улиците на Њујорк. Сури го прослави роденденот без нејзиниот татко, актерот Том Круз, кој не ја видел долги години ќерка си, пишува Дејли Мејл.

Сури ги актуализираше трендови од 1990-тите, исто како што правеше нејзината мајка додека глумеше во популарната серија Досон Крик. Таа беше облечена во широки сини фармерки, широк бордо кардиган и дебела тексас јакна префрлена преку раката.

Во меѓувреме, Том Круз е зафатен со снимањето на продолжението на „Невозможна мисија“ во Велика Британија.

Сури е возрасна и „официјално“ способна да носи сопствени одлуки. Упатените велат дека таа сè уште одлучува што планира да прави во иднина, но решена е во една работа: „Том не постои за неа“.

 

Слични објави

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Пејачката Мијата прослави 19 години љубов со сопругот: Романтика на плажа со песна од Селин Дион

Еспресо
Се вчитува....