6.8 C
Скопје
04:57 - 30 март, 2026

(Видео) Ќерката на Моника Белучи сензуална и секси во нова кампања: „Те сакам, љубов моја“

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, Дева Касел, глумеше во рекламна кампања за парфемот Долче Вајлет од линијата Долче на Долче и Габана.

Линијата на парфеми беше лансирана во 2014 година и вклучува шест парфеми, од кои последниот „Долче Лили“ беше лансиран лани, додек годинава тоа е парфемот „Долче Вајлет“.

Промотивното видео е снимено во Милано. Во видеото, на фотографот и режисер Стивен Брамс од Бруклин, Дева шета по улиците на градот и безгрижно танцува на музиката што ја слуша од нејзиниот вокмен, персонифицирајќи го „оптимизмот, радоста и слободата“, како што вели описот на видеото.

Дева веќе некое време е амбасадор на Долче и Габана. Во минатото, таа беше заштитно лице на парфемот Dolce Lily, а исто така се прошета на модната писта на ревиите на брендот на Модните недели. Честопати, славните родители доаѓаат да ја поддржат. Тие се многу горди на успехот на Дева во манекенството. Така, Винсент Касел остави емотивна порака под видеото снимено за промоција на парфемот Долче Вајлет: „Те сакам, љубов моја“, напиша Касел.

 

 

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....