18:47 - 9 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Ѓоко Танески е вистинска убавица, голема причина за славење во домот на пејачот

Ќерката на пејачот Ѓоко Танески, Анастасија е вистинска убавица, а гордиот татко објави фотографија со неа со посебен повод.

Изминатиов викенд, таа наполнила 18 години, а пејачот ѝ честиташе на својот инстаграм-профил и објави фотографија со неа од прославата.

Танески и неговата сопруга имаат уште една убавица на која се горди, а тоа е нивната помала ќерка Михаела и живеат во Охрид.

Фото / Инстаграм

Инаку, Ѓоко Танески во 2011 година ја пронајде својата сестра Елена Соколова која живее во Богданци. Со двајцата браќа ја барал од моментот кога дознале дека имаат сестра, а тоа било кога починал неговиот татко.

Танески тогаш имал 21 година, Елена 32 години. Вистината му ја рекла тетка му, еден ден откако го погребале татко му.

– Елена ни е сестра и по татко и по мајка, а се родила додека не биле во брак. Поради низа околности, не можеле да го чуваат девојчето и го дале во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. По една година отишле да си го земат, но тоа веќе било посвоено – рече во една прилика Танески.

Слични објави

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.
Се вчитува....