01:33 - 11 април, 2026

(Фото) Кејт Винслет во друштво на преубавата ќерка, заедно на БАФТА наградите: Неверојатно си наликуваат

Актерката Кејт Винслет се појави на телевизиските награди БАФТА во Лондон заедно со 22-годишната ќерка Миа Триплтон.

Мајката и ќерката, кои заедно глумеа во телевизиската серија „Јас сум Рут“ (I am Ruth), номинирана за награди, позираа пред фотографите на црвениот тепих во црни модни комбинации. Додека 47-годишната Кејт Винслет избра класичен црн миди фустан со „молив“ здолниште и асиметрично деколте, нејзината ќерка се појави во ултра краток црн топ и широки панталони.

И мајката и ќерката избраа речиси идентични чевли со „шпиц“ и со ниски потпетици.

Миа Триплтон е ќерка на Кејт Винслет од првиот брак. Актерката се омажи за британскиот филмски режисер Џим Триплтон во 1998 година, а се разведе во 2001 година.

И ќе се согласите, Миа е иста како мајка си, едноставно прекрасна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....