-2.2 C
Скопје
19:27 - 22 декември, 2024

(Фото) „Кејт и Вилијам“ од Бутан, неверојатна љубовна приказна: Кралот змеј поради љубов сосема ја промени земјата

Љубовта вреди да се чека. Тоа го покажа младиот крал на Бутан кој со години и години ја чекаше својата девојка од соништата, а откако ја дочека, се ожени со неа и денес заедно го модернизираат Бутан.

Бутан е мистериозна земја за која просечниот човек малку знае, малку се познати локалните обичаи, историјата, за тоа дека е кралство. Земјата лоцирана меѓу Индија и Кина е чувар на вековните традиции кои никој (до сега) не се осмелил да ги прескрши. Така, на пример, според правилото кое го следат членовите на кралското семејство повеќе од еден век, монархот треба да се ожени со неколку убавици одеднаш (во оваа будистичка држава полигамијата не само што е дозволена, туку е и добредојдена). Посебно е убаво ако монархот успее да се ожени со девојки кои се меѓусебно поврзани, односно ако тие се сестри или братучетки, и колку повеќе од нив, толку подобро. Всушност, токму тоа го направил и претходниот владетел на Бутан, Џигме Сингје Вангчук – негови сопруги биле четири сестри истовремено, од кои кралот несомнено бил задоволен. Но, се чини дека ваквите обичаи сега ќе заминат во минатото, откако се најде смел крал, подготвен да ги згази темелите на своите предци. Синот на Џигме, помладиот Џигме Кесар Намгјал Вангчук, познат како кралот змеј, кој се качи на тронот по татко му, го прекина маѓепсаниот круг и изјави дека има намера да се ожени само еднаш. И не станува збор само за прогресивните погледи на младиот монарх, туку за голема љубов.

Оваа приказна започнала пред повеќе од петнаесет години, бидејќи токму тогаш за првпат Џигме ја видел девојката што му била „предодредена од судбината“. Убавата Џетсун Пема тогаш имала само седум години, си играла со кукли, и не го ни погледнала принцот. Идниот монарх тогаш рекол дека кога Џетсун ќе порасне, ќе му стане жена. Но додал и дека „ свадбата ќе се случи само ако ниту тој ниту Џетсун не се заљубат во некој друг пред девојчето да порасне“. Сепак, никој не ѝ придавал значење на храбрата изјава на Џигме кој бил премлад за брак.

Поминале години, а принцот, кој требаше да се искачи на престолот, не ја променил својата одлука, спротивно на аспирациите на неговите роднини, и продолжил да ја чека својата сакана да порасне, не ни погледнувајќи други потенцијални невести. За време додека Џетсун растеше, Џигме се школувал на Оксфорд, и во 2006 година се искачи на тронот. Власта на Бутан на младиот монарх му ја предаде неговиот татко, кој се пензионираше две години пред предвиденото, со што неговиот син стана најмладиот сегашен владетел во светот – Џигме имаше 28 години за време на крунисувањето. Џетсун, во меѓувреме, студирала во Индија на европски универзитет, па потоа се вратила во својата татковина.

И, конечно, по долги години, Џигме и Џетсун конечно се сретнале и оттогаш не се разделиле. Детското пророштво на Џигме се остварило. На денот на свадбата, кој традиционално не го избирале младоженците, туку астролозите, кралот лично ставил круна на главата на Џетсун и таа станала кралица на Бутан. Свадбата го означи почетокот на нов живот не само за кралот и кралицата, туку и за целата земја. Најпрво, Џигме јавно ја бакнал својата млада сопруга во усни и тоа било прв случај бутански монарх кој си дозволил таква слобода, а потоа – на изненадување на сите- изјавил дека нема намера да се ожени ниту по втор, ниту трет пат, дури и покрај фактот што Џетсун има преубава сестра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Families (@coutureandroyals)

По свадбата, кралот и кралицата активно се зафатиле со државнички работи, а Џетсун, омилена меѓу народот, се покажа одлична во улога на кралица како никоја претходно – посетува училишта, градинки, комуницира со народот, но и со децата кои толку многу ги сака. Приватно пак, со кралот имаат две деца.

Повторно, според одамна воспоставената традиција во јавноста, кралот и кралицата на Бутан треба да се појавуваат одделно и да бидат на одредено растојание еден од друг. Меѓутоа, овој обичај сега е запоставен од вљубената двојка која на сите јавни настани се држат за раце, а понекогаш си разменуваат и страсни бакнежи. „Таа е прекрасна, многу паметна личност“, вели кралот за својата млада сопруга. „Ние сме обединети од љубовта еден кон друг и од љубовта кон уметноста“. И покрај занемарувањето на сите строги правила, народот е воодушевен од своите владетели, кои – како што се сигурни жителите на Бутан – ќе можат да ја доведат својата држава на фундаментално ново ниво. Без разлика дали ова е добро или лошо, останува фактот дека традиционалното будистичко кралство е на пат да се прилагоди на животот во современиот свет.

Инаку, во април 2016 година „Кејт и Вилијам“ од Бутан се сретнале со принц Вилијам и Кејт Мидлтон од Велика Британија, а средбата и дружењето се раскажува до денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✧ Royals ✧ (@crownroyalls_)

 

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....